Порнхаб најави дека на луѓето од местата кои имаат „секси“ имиња ќе им биде даден бесплатен доживотен премиум пристап на содржините на платформата.
Среќници се луѓето од гратчето Ректум (Холандија), Дилдо (канадски Њуфаундленд), Камингс (мало место во Ѓорџија) и други кои од тие имиња досега видоа само заебавање и доаѓање на странци да се сликаат со таблата на градот.
Порнхаб секогаш имал фина смисла за хумор и емпатија па тие луѓе реши да ги почасти со премиум пакет за прегледување на нивните најексклузивни содржини, доживотно бесплатно.
„Имињата со сексуални конотации на тие луѓе им донеса само шеги на нивна сметка. Ние во Порнхаб сметаме дека таквите имиња заслужуваат да се слават а не да се подбивааа“.
На листата почастени се жителите на Форт Дик (Калифорнија), Геј (Русија), Аналандија (Бразил), Кондом (Франција), Петинг (Германија), Ле Тампон (остров близу Маврициус), Блоухард (Австралија), Слат (Шведска), Ла Вагина (Италуија), Пуси и Орги во Франција и други (мапата овде)
На нашиве од Дупени и другите места треба да им се помогне со некоја граѓанска иницијатива бидејќи нереално е тоа да се очекува од МНР и македонската дипломатија. Како што гледате, ним полесно ќе ѝм биде да ги прекрстат тие места.
Мада, од адреса на македонската Влада одамна доаѓаа ишарети дека и тие се квалификуваат за премиум пакет на Порнхаб. Види овде