Со петиција до комисијата за заштита на потрошувачите, мексиканските затвореници се пожалија на цените на храната во затворските продавници.
Во поплаката велат дека затворениците не треба да купуваат храна и пијалоци по повисоки цени од оние во регуларните продавници.
Меѓу потписниците се некои од најголемите нарко-босови во земјата, меѓу кои и лидерот на картелот Хуарез, Винсенте Кариљо Фуентес, човек кој е осуден за трговија со дрога вредна милијарди долари.
Чашата ја прелило последното покачување во затворските кантини по што ќеса чипс од 2,35 долари била поскапена на 3,30 долари.
Комисијата за заштита на потрошувачите соопштила дека внимателно ќе го претресе случајот.