Лошата вест е дека кај геолозите постои речиси едногласност околу ова, добрата вест е што нивните предвидувања се дека расцепувањето ќе се случи за околу десет милиони години.
Во еден од најпогодените градови, Маи Махиу, водите од дождовите открија пукнатини со должина од неколку километри. Сеизмолозите објаснуваат дека ова е последица на тектонски движења во регионот, а дождовите само го имаат измиено горниот слој и го имаат откриено процепот.
Станува збор за Источно-африканскиот расед кој се уште е во процес на развивање, кој со тек на време ќе заврши со расцепување на континентот. При ова најголемиот дел од Африка ќе остане на Нубиската плоча, додека Сомалија, Кенија, Етиопија и Танзанија, ќе оформат нов континент на Сомалиската плоча.
Историски ова е истиот процес кој пред 138 милиони години довел до отцепување на Јужна Америка од Африка.