Алекса, што е смешно?

Жив човек да почне по дома да ти се смее и кикоти без причина, ќе те извади од памет. А не па справа.

Во последно време на многумина сопственици на паметните Еко звучници на Амазон кои во себе го имаат виртуелниот асистент Алекса, почнале да им се слушаат гласови. Дур закажат мој термин кај психијатар, повеќето сфатиле дека сè е во ред со нив, само што без никаква команда и без никаков повод, справата сама почнува да се смее и кикоти.

Реакциите се различни, некои ладно донеле одлука дека е време за нови звучници, други се скамениле од страв и нечовечкото кикотење на уредот го доживеале како едно од најморничавите искуства во животот.

„Пробав да исклучам некои сијалици но тие повторно се палеа и на крај звучникот почна да ми се смее“, вели еден изваден од памет корисник.

Од Амазон потврдија дека Алекса знае да се закикоти без причина и порачаа дека работат да го поправат проблемот. Според нив, недоразбирањето е во тоа што на Алекса често знае погрешно да ѝ се чуе „Alexa, laugh“ па ќе ја менуваат таа команда со 'Alexa, can you laugh? за да биде потешко да дојде до забуна. 

*****

Бонус: Амазон Еко - Александар Вучиќ едиција

 

9 март 2018 - 09:21