Наши луѓе во Нов Зеланд

Група досетливи Новозеланѓани изградиле мало островче во крајбрежните води за да ја избегнат забраната за пиење на јавни места. За идејата им честиташе и првиот полицаец во местото.

Островот никнал во водите крај полуостровот Коромандел каде што за Нова година се воведува забрана за консумирање алкохол на јавни места.

Групата ја искористила осеката за набрзинка да изградат мала земјена структура по што донеле масичка и клупи за пикник, едно чудо алкохол и почнале да слават ко луѓе.

Поентата е дека пијат во меѓународни води па не ги фаќа забраната која важи за нивните сограѓани од полуостровот.

„Да дознаев за тоа, ќе им помогнев“, изјави шефот на локалната полиција.

Новогодишната прохибиција е воведена најмногу заради заштита на малолетниците иако оние кои се против неа, со право ја сметаат за глупост бидејќи не може сето она што им е работа на родителите да се префрла во рацете на полицијата.

 

2 јануари 2018 - 14:16