Лонгјир е најголемиот град на архипелагот Свалбард, кој е северно од Норвешка отприлика исто колку што Норвешка е северно од Чешка. Освен тоа градот има околу 2.000 жители и е под константна закана од поларни мечки.
Сместен таму каде што е, во 1950-те локалните власти откриваат дека телата што со децении ги закопуваат на тамошните гробишта воопшто не се распаѓаат заради леденото време. Дури и во 1998-ма кога научници ископуваат неколку лешови закопани во 1918 (во потрага по примероци од вирусот на грип од кој тие умираат), тие успеваат да извадат живи примероци од смртоносниот вирус.
Уплашени дека заради проблемот со распаѓање ќе почнат да им се шират болести од мртвите тела, властите забрануваат закопување луѓе на локаните гробишта. По ова семејствата на починатите имаат две опции. Првата е крематориум, и речиси воопшто не е искористена. Втората е луѓето кои се терминално болни со авион да бидат префрлени до Норвешка и таму да ги минат последните денови од животот.
Инаку, иако градот има мала болница, трудниците се поттикнуваат да патуваат во Норвешка за породување.
Градот е толку на север што зимно време цели 4 месеци останува во мрак „без ни најмала разлика меѓу денот и ноќта во 3 од овие месеци“. Исто така островот е дом на околу 1.000 поларни мечки.