Занимливости

Кинеската престолнина на фејк патики

Пред некое време во обид за внесување во Њу Џерси беше запленета пратка од 300.000 пара лажни Најк патики, со вкупна вредност од околу 73 милиони долари. Официјално никој не знае од каде се патиките, неофицијално сите знаат дека се од кинески Путиан.

Кувајт во матно

Од земјата од која сме научени да не е интересна освен ако не се почнува уште некоја Заливска војна сега имаме лик кој е на граница меѓу масовен пренк и бескрупулозен преварант.

Човекот е најголем непријател на авто-пилотот

Сообраќајните инциденти во кои учествувале возила со автономно управување покажуваат дека сиот тој напреден софтвер во нив сè уште не може да го контролира говедото зад воланот.

Големиот кинески грабеж

Во крајно филмски исход на настаните, кинеската влада се смета за одговорна за грабежите на најразлични историски кинески артефакти од музеи низ Европа. П.С. тањирчето на сликата е продадено за 36 милиони долари.

Илон Маск стана руско меме

Руски он-лајн тролови развија локално меме во центарот на кое ни крив ни должен се најде Илон Маск, на кого му ги претставуваат некои од врвните достигнувања на русштината, и како тој се чувствува околу уникатниот изум.

Опстанок: Не преживуваат најспособните туку најмрзливите

Новини во еволутивната биологија после кои со други очи ќе гледате на сите оние тегови, справи, пилатес топки и други изуми чија вистинска функција е да ви го скратат животот.

Кафулето наречено сатар и туристите што не читаат ценовници

Турист прави цела драма на интернет откако за време на посетата на Венеција кафуле му наплаќа околу 50 долари за две еспреса и две газирани води од 0,25.

Австралиски должности и право да се поседува портрет од кралицата

На секој државјанин на Австралија по закон му следува портрет од актуелната британска кралица и истиот треба да биде обезбеден на сметка на државата.

Не си го сакаш детето ако не си му ангажирал тутор по Фортнајт

Понудата почнува од 50 долари за 4 часа онлајн лекции, до зависи колку ќе се договориш за тутор во живо да го обучува твоето дете за една единствена цела - како да не изгуби на Фортнајт.

Генерација публика

Над една четвртина од британските деца кои тргнуваат во основно училиште не можат да комуницираат со цели реченици, и ова е исклучиво благодарејќи на времето кое низ целиот дотогашен живот го минале пред екрани (смартфон, таблет, лап-топ, ТВ) каде се само консументи на содржина без да искажат нити една мисла.

Како ултра-богатите планираат да се спасат од Апокалипсата?

Убаво е да мислиме дека во случај на белја топтан ќе се префрлиме на Марс, или ќе имаме шанси топтан да си ги аплодираме мозоците на суперкомпјутери како Курцвејл. Многу поверојатно е тоа да го сторат оние кои веќе се подготвуваат за такво сценарио. И се полни со пари.  

Доцна е за египетски клетви

Чувте ли дека деновиве го отворија оној црн мистериозен саркофаг околу кој се плетеа приказни дека содржи страшна клетва и дека неговото отворање може да значи апокалипса на светов? Се разбира, го отворија саркофагот и ништо од клетвата и апокалипсата. Бидејќи веќе живееме во нив.

Зошто големите банки спектакуларно го утнаа предвидувањето на шампион на Мундијалот?

Според моделите на луѓето што управуваат со глобалните пари, фудбалски шампион на светот требаше да биде Бразил или Германија. А не биднаа ни едните, ни другите.

Хелсинки како поле за натпревар на лимузините

И Путин и Трамп на самитот во главниот град на Финска пристигнаа со најтешката цивилна механизација со која располагаат - претседателските лимузини.

#MeToo удри по германскиот јазик

Дилемата дали е подобро во јазикот да имаш и машки и женски (и среден) род или само еден род, за #MeToo движењето воопшто не е дилема: не е подобро да имаш два рода, треба за сите да важи еден.

Кога штркот ќе ти донесе СИМ картичка

Полска еколошка група за заштита на животни добила мрсна сметка за мобилен телефон откако штркот кој го следеле одеднаш почнал чудно да се движи.

Што им е на богатите држави што пошумуваат?

Додека експерти и активисти на секој чекор се борат да ја спречат дефорестацијата во суб-Сахарска Африка и во Амазонија, во Западна Европа се случува значителна промена кај шумите - ги има многу повеќе, многу се повисоки и покриваат многу повеќе простор.

За кемтрејлсот се работи

Проверувајќи до каде се стигнати нивните сограѓани, истражувачите сфаќаат дека 10% од Американците „комплетно“ веруваат во кемтрејлс, додека 30% сметаат дека има некаква вистина во теоријата. А што е теоријата? Дека белите опашки што авионите ги оставаат за себе се дел од тајна владина програма за труење на народот.

ЗТЕ не може да си поправи писоар заради санкциите од САД

По основа загрозување на безбедност на САД, американскиот департман за трговија од април годинава забрани секаков извоз на производи за кинескиот производител. Излезе дека забраната е прилично сеопфатна, па вклучува и резервни делови за тоалетите во седиштето на компанијата во Шенџен.

Јога и медитација ве прават понеподносливи

Наспроти очекуваниот исход од стотици години старата пракса, современата медитација и практикување јога всушност го дујат вашето его.

Друга слика, друга приказна

Фотографијата по која ќе се памти последниот Г7 самит е сцена која речиси е невозможно да ја наместиш, а во која Трамп наликува карано на мало дете. Само еден кадар подоцна целата приказна се менува.

Германија светски шампион!?

Економист од германската Комерцбанк врз основа на свои симулации, формули и ексели ја прогласи Германија за победник на претстојниот Мундијал. Да не биде претерано „свој на свој“ авторот на анализата е Британец кој работи во лондонското претставништво на банката.

Молете се комшијата да не затвори кладилница

Ова ново „да му умре ливчето на комшијата“, не е за негово лошо туку за ваше добро. Доказите се нумерички необориви: блиските комшии на оние што добиле јака премија на лото, бинго и слична игра на среќа, финансиски крахираат со стапка многу поголема од нормалната. Причината за тоа е многу људска.

Учете ги децата да пцујат

Има ќеиф кога сериозни научни ликови, со сиот авторитетен научен багаж зад себе, ве уверуваат дека некои социјални норми треба да се кршат уште од најмали нозе. На пример дека истребувајќи ги пцовките од вашата околина, го сакатите емотивниот арсенал со кој располагаат вашите деца. Прочитајте ја цела вест. Џабе ли ја пишувавме, пичка ли му мајчина!