Семејствата најчесто им ги препишуваат своите деца на тетки, баби и дедовци, останати роднини или пријатели.
Целата шема е помогната од неколку адвокатски компании чии услуги им помагаат на децата да добијат помош во случаи кога нивните семејства „се во финансиска позиција во која приходите им се премногу големи за да се квалификуваат за финансиска помош, ама сепак би било неподносливо ако треба да платат за колеџ.“
Правната алатка што семејствата ја користат за оваа шема (префрлањето на старателството на други) е наменета како средство за спасување на децата од опасни ситуации во кои се соочени со физичко, емоционално и сексуално насилство.
Откако Пропублика ја објавува веста неколку универзитети започнуваат истрага за откривање на сите студенти кои се послужиле со оваа шема за да добијат стипендија.