Занимливости

Американски филџан вишок

Во САД смислиле начин како да добиеш бесплатно кафе ама тоа после да ти преседне. Ќе сркаш џабе ако им дадеш комплет податоци за себе, за да можат после до бескрај да те дрват спонзори.

Во потрага по идентитет, ДНК стана озбилен бизнис

Индивидуалниот генетски профил станува дел од потрагата по идентитетот. Откривањето на „големата вистина за себе“ се сведува на супер бизнис. Веќе почнаа да се шиткаат производи врз основа на генетскиот идентитет.

Твојот смартфон вс. оценките на твоето дете

Подобро размислување и остроумност кај децата е директно поврзано со тоа колкав дел од денот / животот го минуваат пред смартфон и слични екрани, се тврди во студија која следи податоци на темава веќе 10 години.

Рент-а-кук

Во Јапонија треба да се плати еден сервис кој овде во Македонија го имаме бесплатно и се вика јавување во утринска емисија. Да најдеш некој кој ќе слуша како кукаш и го оправаш светот.

Го губиме и правото да си ги поправаме машините

Ако на Американец мусе расипе трактор среде нива и среде орање, па дури и да знае што е дефектот и како се поправа, нема да смее да го пипне тракторот додека не мудојде овластено лице да му каже што понатаму.

Зборувај ирски за никој да не те разбере

Наспроти тоа што ирскиот е официјален јазик на Републиката и наспроти напорите на власта да го дигнат од мртвите, овој јазик неповратно изумира. Како е можно едни од светски најпознатите фетишисти во врска со својот идентитет денес раштркани по светот да ги обединува друг јазик, англискиот?

Бугати, колата на која не можеш да и смениш масло, а не па да ја купиш

Вејрон и Широн на Бугати чинат од 1 до кај 2,5 милиони евра, најновиот модел Диво имаше цена нешто под 5 милиони евра и целото производство беше распродадено за еден ден.

Спортист со забрана за шведска маса

За услугата “изеди колку сакаш“ во еден суши ресторан дечкото платил поштено ама после и поштено јадел. Кога сакал да остави и бакшиш, го замолиле во иднина да го заобиколува ресторанот.

Каде отиде терминот „против стареење“?

Со целото поместување околу тоа што смееш а што не смееш да кажеш за да не навредиш некого, полека од употреба се укинува терминот „против стареење“, што не значи дека се укинуваат и производите туку само нивната номенклатура.

Во Њујорк отворена дремална

Во една од најпрометните населби во центарот на Њујорк, за 15 долари добиваш папучи, шолја чај и 30 минути ненарушен сон сред тишина и мрак.

Што ако Сахара се покрие со соларни панели

Не само што ќе даде повеќе енергија отколку што на светот му треба туку ќе дојде време во пустината и пипер-патлиџан да се насади.

Кој ти е помил, ти или планетава?

Луѓе кои живеат на место кое што природно нема вода, пример пустина, со самото тоа што пијат вода и штетат на планетава.

Кинеската престолнина на фејк патики

Пред некое време во обид за внесување во Њу Џерси беше запленета пратка од 300.000 пара лажни Најк патики, со вкупна вредност од околу 73 милиони долари. Официјално никој не знае од каде се патиките, неофицијално сите знаат дека се од кинески Путиан.

Кувајт во матно

Од земјата од која сме научени да не е интересна освен ако не се почнува уште некоја Заливска војна сега имаме лик кој е на граница меѓу масовен пренк и бескрупулозен преварант.

Човекот е најголем непријател на авто-пилотот

Сообраќајните инциденти во кои учествувале возила со автономно управување покажуваат дека сиот тој напреден софтвер во нив сè уште не може да го контролира говедото зад воланот.

Големиот кинески грабеж

Во крајно филмски исход на настаните, кинеската влада се смета за одговорна за грабежите на најразлични историски кинески артефакти од музеи низ Европа. П.С. тањирчето на сликата е продадено за 36 милиони долари.

Илон Маск стана руско меме

Руски он-лајн тролови развија локално меме во центарот на кое ни крив ни должен се најде Илон Маск, на кого му ги претставуваат некои од врвните достигнувања на русштината, и како тој се чувствува околу уникатниот изум.

Опстанок: Не преживуваат најспособните туку најмрзливите

Новини во еволутивната биологија после кои со други очи ќе гледате на сите оние тегови, справи, пилатес топки и други изуми чија вистинска функција е да ви го скратат животот.

Кафулето наречено сатар и туристите што не читаат ценовници

Турист прави цела драма на интернет откако за време на посетата на Венеција кафуле му наплаќа околу 50 долари за две еспреса и две газирани води од 0,25.

Австралиски должности и право да се поседува портрет од кралицата

На секој државјанин на Австралија по закон му следува портрет од актуелната британска кралица и истиот треба да биде обезбеден на сметка на државата.

Не си го сакаш детето ако не си му ангажирал тутор по Фортнајт

Понудата почнува од 50 долари за 4 часа онлајн лекции, до зависи колку ќе се договориш за тутор во живо да го обучува твоето дете за една единствена цела - како да не изгуби на Фортнајт.

Генерација публика

Над една четвртина од британските деца кои тргнуваат во основно училиште не можат да комуницираат со цели реченици, и ова е исклучиво благодарејќи на времето кое низ целиот дотогашен живот го минале пред екрани (смартфон, таблет, лап-топ, ТВ) каде се само консументи на содржина без да искажат нити една мисла.

Како ултра-богатите планираат да се спасат од Апокалипсата?

Убаво е да мислиме дека во случај на белја топтан ќе се префрлиме на Марс, или ќе имаме шанси топтан да си ги аплодираме мозоците на суперкомпјутери како Курцвејл. Многу поверојатно е тоа да го сторат оние кои веќе се подготвуваат за такво сценарио. И се полни со пари.  

Доцна е за египетски клетви

Чувте ли дека деновиве го отворија оној црн мистериозен саркофаг околу кој се плетеа приказни дека содржи страшна клетва и дека неговото отворање може да значи апокалипса на светов? Се разбира, го отворија саркофагот и ништо од клетвата и апокалипсата. Бидејќи веќе живееме во нив.