"Assassin's Creed Unity" се појави во 2014-та година, дејствието е сместено во Париз а клучниот објект околу кој се врти акцијата е Нотр Дам, катедралата која играчите треба да ја истражуваат и однадвор и одвнатре.
Серијата Assassin's Creed е позната по перфекционистичкото реконструирање на историски објекти а Јунити не е исклучок. На „градбата“ на виртуелната катедрала се потрошени 2 години.
„Работев и други работи но главниот ангажман се однесуваше на катедралата,“ вели Керолин Миусе, главниот артист на Убисофт која го водела проектот.
Со огромен и детален фото-материјал од Нотр Дам пред себе, заедно со други експерти за текстура, таа тие две години ги минала водејќи сметка секоја цигла во играта да е на своето место и да изгледа онака како што изгледа во оригинал.
Убисофт засега не кажуваат дали ќе ги понудат своите дитигални материјали од Катедралата на француската влада која ќе ја води реконструкцијата на објектот.
*******
Кровот на катедралата, после гаснењето на пожарот (снимено од пожарникар).