Американски национален ланец најави дека затвора 45 свои продавници објаснувајќи дека дел од причините е глобалниот недостаток на хелиум. Се работи за ланецот Парк сити кој е еден од главните снабдувачи со балони со хелиум и други реквизити за родендени и забави.
Балоните се и помал проблем во оваа приказна бидејќи хелиумот се користи во многу посериозни области: во магнетна резонанца, нуклеарни магнетни уреди, оптика, гњурење (помешан со кислородот помага во олеснување на ефектите на декомпресијата).
Една четвртина од светките количини на хелиум ги произведуваше Катар кој мораше да затвора капацитети пред две години кога се најде во клинч со соседите, најмногу со Саудуиска Арабија која им ги блокираше пристаништата.
Иако е втор најчест елемент на планетава, хелиумот екстремно тешко се „лови“. Најчесто го добиваме како нуспроизвод на вадењето природен гас. Во статијата „Го откривме хелиумот пред 150 години, дали сега остануваме без него?“, Нат Гео потсети дека во целиот свет постојат само 14 рафинерии за хелиум од кои седум се во САД.