Не спиеме доволно и тоа нè убива

Маж кој спие само 5 часа има видливо помaли тестиси од оној кој спие повеќе од седум часа. И, тоа е само еден од проблемите кој некако и може да се скрие.

"Десеткувањето на сонот во сите индустријализирани земји има катастрофално влијание врз нашето здравје и добробит, како и врз образованието на нашите деца. Се работи за тивка епидемија која станува еден од најголемите предизвици на 21-от век“, предупреди на последниот ТЕД во Ванкувер, Метју Вокер, експерт на темата, професор од Беркли и автор на бестселерот „Зошто спиеме

Тој порачува дека сонот не е опционален луксуз на нечиј животен стил туку биолошка неопходност околу која нема преговарање, тоа е системот кој нè одржува во живот.

Вокер ги расчленува сите можни начини на кои дефицитот од спиење прави штета: нè прави поглупави, позаборавни, поизложени на деменција, со поголеми шанси да умреме од инфаркт, понеспособни да развиеме имунитет за болести. Недостатокот од сон ги ремети гените и генерално ги зголемува шансите за предвремена смрт. Го пореметува производството на животворните хормони како што е естрогенот или тестостеронот и води кон рано стареење.

А проблемите со спиењето се видливи насекаде; зголемена побарувачка за апчиња, купишта  апликации кои помагаат во заспивање, паметни кревети, паметни перници... Проучената Ариана Хафингтон го напушти новинарството за да основа компанија посветена на спиењето.

Вокер има и неколку совети за проблемот: да се избегнува алкохол и кофеин, да се легнува и станува во исто време, да се спие во ладна соба и да не се препелка човек долго во кревет. ако не може да заспие. Да стане, да прави нешто па пак да се врати во кревет и да проба.

„Како што не седите на кујнска маса чекајќи да огладнете, така не треба и да лежите во кревет чекајќи да ви се приспие,“ вели тој.

Спиењето е особено драгоцено за учењето. И пред и после него. Пред учењето за да се исцеди сунѓерот за да може да прими нови информации а после учењето во онаа функција која ја има копчето „Save“.

******

Види и:

До неодамна сме легнувале два пати во текот на ноќта

22 април 2019 - 15:16