Вашингтонските законодавци го финализирале новиот предлог и тој во наредните денови треба да биде потпишан од гувернерот и кандидат за претседателската трка во Демократскиот камп, Џеј Инсли по што законот ќе стапи на сила.
Според решението, државата ќе легализира два вида еко-френдли посмртни третмани: со хемиски процес кој се вика алкална хидролиза и на природен начин на таканаречена органска редукција (да скапеш).
Поборниците на законот велат дека такво решение е неопходно среде загриженоста за природата, зачувување на планетата и оптимизација на постоечката плодна почва, како алтернатива на сè поскапите погребни услуги во услови кога населението постојано старее.
Едни од главните лобисти била компанија „Ре-компост“ која гарантира дека поседува технологија со која човек, за само еден месец може да биде претворен во природно и корисно стајско ѓубриво, кое потоа може да биде откупено од ужалените роднини или пријатели на покојникот за со него да ги појачаат своите бавчи и дворови.
Според нивните проценки, со компостирање посмртни останки, атмосферата ќе се ослободи од минимум еден милион метрички тони јаглерод диоксид.