„До сега резервациите не беа задолжителни, меѓутоа ќе воведеме систем на задолжителни резервации како што тоа го направија голем број други музеи, и до крајот на годината сите туристи ќе мора да резервираат,“ изјавил заменик главниот администратор на Лувр.
Оригиналниот план е системот да почне да функционира некаде на почетокот на 2020, меѓутоа заради гужвите сето ова треба да се забрза и да се пушти во октомври или ноември годинава.
Луѓето од музејот веќе некое време алармираат дека им доаѓаат повеќе туристи отколку што е издржливо и здраво за експонатите што ги чуваат. Летово заради топлотниот бран што го зафати Париз ова само се влошува бидејќи туристите влегуваат во музејот за да се разладат.
Он-лајн резервацијата за Лувр чини 17 евра. Во просек, Лувр дневно го посетуваат 30.000 лица.