Урбан

Тешко е да се рециклира без Кина

Во 2003 година Сан Франциско си зададе амбициозен план до 2020-та да стане град со „нула ѓубре“. Како се приближува тој рок, сè појасно станува дека ваквиот план ќе оди во канта.

По градот дебелината се познава, од вселена

Без воопшто да фрлат око на поединец, американски научници најдоа начин како да одредат каде живеат дебелите и тоа само со гледање населби на сателитска снимка.

Како преминувањето улица стана сељачко?

Како природен тек на нештата може да ни личи денес пожелниот начин на преминување улица: на семафор да чекаш зелено светло или пак на пешачки премин (второво кај нас оди со урнебесен додаток: климање со глава на тој што те пуштил во знак на неописива благодарност, ко да е Шиндлер кој само што решил баш тебе да те стави на листа). А зад таквите навики стои една подзаборавена агресивна кампања на автомобилџиите кои пред еден век решија да редефинираат кој ја има и кој е газда на улицата.

Археологија по градски канали

Чистејќи ги каналите низ Амстердам и копајќи нови тунели за метро, Холанѓаните извадија над 700.000 артефакти меѓу кои има и примероци постари и од самиот град кои датираат од 4300-та година пред нашата ера.

Андерграунд 2: Хелсинки

Околу 300 километри во тунели и речиси 500 одделни подземни објекти го составуваат најобемниот (јавно познат) подземен систем на светот, чија цел е да му се најде на главниот град на Финска во случај на каква било катастрофа (Русија).

Малме - Палермо експрес, или коридор Скандинавија - Медитеран

Од девет клучни коридори во кои моментално инвестира ЕУ, шест се повеќе вертикални отколку хоризонтални. Ваквата хоризонтална попреченост на континентот треба да биде решена со коридор кој од Шведска и Финска, преку Данска, Германија и Австрија, стига до Италија и Малта.

Рециклирањето е игра што е наместена против тебе

Дури и секои можно ѓубре да го фрлиш во соодветно обележаната канта голем дел од пластиката повторно ќе заврши на депонии и во океани. Потрошувачите не можат да го решат овој проблем, пишува Феј Флам во Блумберг.

Мумбај забрани пластични кеси и шишиња

Градот со над 12 милиони жители не само што одлучи дека ќе го забрани користењето на пластика за една употреба (кеси, шишиња, чаши...), туку прекршувањето на забраната ќе се казнува со околу 300 евра или три месеци затвор.

Фејсбук буквално ја искоренува сиромаштијата кај и да стапне

Проблемот е што тоа не се случува по пат на економско и социјално издигнување на сиромашните слоеви, туку преку нивно систематско бркање од секој град во кој ќе се појави гигантот.

Копенхагизирање на твојот град

Како што цртањето две ленти сред ливада не е решение кога сакаш да создадеш мрежа за автомобилски сообраќај, така и проблемот со патеки за велосипед не се решава со просто исцртување ленти кои најчесто никој не ги почитува, што заради невоспитаност, што заради тоа што одземаат од и онака недоволниот капацитет на улиците или тротоарите. А како што ќе покаже Копенхаген, има огромна ќар од создавање на велосипедски-пријателски град.

Бучавата е новото 'sеcondhand' пушење

Во САД дури и во националните паркови постојано се слушаат звуци произведени од човечки фактор а единствените мирни места во земјата се библиотеките и музеите.

Елон Маск цело ова време ровари под Лос Анџелес

По подолго време минато само со слика од дупката што ја направи на паркингот на својата компанија кога најави дека ќе почне да копа тунели, Маск на Инстаграм го апдјетуваше светот за прогресот на проектот за тунели под Лос Анџелес.

Дома е кај што си цар

Досега 'цар' беше оној кој заради помал данок, покрај сите оние силни милиони и медиумски империи, имаше најдено време својата куќа да ја регистрира како планинарски дом. Ви текнува? Ама овој е појак, и е цар без наводници.

Гугл, одјеби

Пораката до гигантот е од еден од моментално најживите градови во Европа, Берлин, каде локалците се организираат против Гугл како во парк да ќе им отвораат Чернобил 2, а не кампус на една од најбогатите и најнапредни компании во светот.

ЈСП Шенџен ги смени сите 16.000 автобуси со електрични

Кинескиот град со 12,5 милиони жители брои 16.359 автобуси за јавен превоз, што е повеќе отколку бројот на автобуси во оптек во Њујорк, Лос Анџелес, Торонто, Њу Џерси и Чикаго, заедно. И сите до еден се електрични.

Колку би платиле кирија за паркинг место?

Како што е ред за град што руши рекорди со стан продаден за над 70 милиони долари, на ред дојде и да сруши рекорд за најскапо изнајмено паркинг место во светот.

Што фали скопските џамии да користат вајбер?

Во обид да го намалат звучното загадување во главниот град, властите во Гана ги замолија одговорните мујезини во градските џамии, наместо да рокаат звучници, да ги повикуваат верниците на молитва преку WhatsApp. Нормално, овие веднаш реагираа дека е тоа шејтанска идеја.

Калифорнија се групира околу станиците

За да го ублажи кусокот од станбен простор и истовремено да го намали користењето автомобили, државата планира значајно да ги олабави критериуми за градење, доколку се работи за градби близу автобуски или железнички станици.

За колку пари би возел точак до работа?

Неполн месец откако една новозеландска компанија им понуди на своите вработени да работат 4 дена неделно а да бидат платени за 5, друга реши да им плаќа бонуси на вработените што со велосипед ќе доаѓаат на работа.

Германските градови добија дозвола да забрануваат дизел возила

Еден од највисоките германски судови одлучи дека градовите низ земјата имаат право да забрануваат дизел возила на нивните улици како мерка за намалување на загадувањето.

Аудио загадување, саундтракот на нашиот живот

Половина од искуството што ние го водиме како „се одморив на планина на чист воздух“ всушност нема никава врска со воздухот, туку со градската бука и недостатокот на истата. Направи сам: тргни пешки накај Средно Водно, тоа што ќе го чуеш како ти зуи во позадина, тоа е аудио загадувањето во кое живееме како да ни е природна состојба.

Еден воздух имаме

На страна тоа што во основа се глувци со крилја, научниците тврдат дека може и да имаме некаков ќар од гулаби, посебно околу загадувањето на воздухот. Целата работа почнува од тоа дека тие се изложени на истата околина како и луѓето.

Има нешто здраво во државата Данска

Данците долго се на врвот на листата на најсреќни земји на светот а ова е приказна за Копенхаген и цаките кои ги прави, за луѓето да бидат  позадоволни од него. Нашето евентуално патешествие кон нивниот статус нè води низ две невозможни мисии. Прво, да дојдеме до пари и второ, да не ни бидат битни.

Југословенскиот брутализам сред Њујорк во МоМА

Под наслов „Кон бетонска утопија: Архитектурата во Југославија, 1948-1980“ њујоршкиот Музеј на современа уметност летово ќе организира изложба од најразлични модели, скици, фотографии и филмски кадри од југословенските бетонски зданија.