Забраната ќе ја спроведуваат општински инспектори распоредени низ цел град кои треба да ловат фирми и поединци кои се уште користат пластични кеси. Наводно Мекдоналдс и Старбакс веќе биле казнети. Казнувањето има неколку нивоа и почнува од 60 евра за оние што прв пат го прекршиле законот, па потоа расте до 300 евра или затворска казна за лицата што повеќе пати се фатени на дело.
Се проценува дека од 1950-те до денес глобално во природата се фрлени околу 6,3 милијарди тони пластика за една употреба (сериозно достигнување имајќи ја предвид тежината на една кеса) и тие нема да се распаднат барем во следните 450 години.
Половина од светската пластика е создадена во последните 13 години, а околу половина од тоа се искористило за производи како кеси, чашки или цевки за пиење.
И покрај тоа што има еден од најниските просеци на користење пластика, околу 11 кг. годишно по жител (американскиот просек е 109 кг.), Индија има меѓу највисоките стапки на лошо менаџирање на пластичниот отпад, кој најчесто е упадливо присутен како по градските улици така и на плажите низ земјата.
Еден од проблемите околу новата забрана е што таа беше воведена во прилично дождлив дел од годината, па граѓаните се жалат дека понудената алтернатива како платнени торби не се добри во заштита на производите што ги носат во нив.