Под иста околина научниците подразбираат воздух, вода, храна и слични фактори, а како и луѓето и гулабите не патуваат далеку од својот дом.
„Затоа што се живи тие обработуваат хемикалии во својот организам. Ова дава можност не само да се откријат најтоксичните локации во нашата околина, туку и да се разбере како овие токсини влијаат на биологијата,“ објаснува др. Ребека Калиси од Универзитетот Калифорнија, Дејвис.
Калиси со својата екипа ги има анализирано нивоата на олово во крвта на 825 заболени гулаби од Менхетен. Птиците се собирани во периодот од 2010 до 2015, и за сега се покажале како корисен биоиндикатор за нивоата на олово.
Истражувањата покажале дека нивоата на крв кај птиците се повисоки летно време, нешто што исто така е забележано и кај деца. Тие исто така откриле дека нивоата на олово во крвта на гулабите биле поврзани со зголемените ниво на олово во крвта на децата од истите населби.
Следно нешто што сакаат да дознаат од гулабите е како токсините како олово и други хемикалии влијаат на организмот на ниво на геном.