Местото за еден автомобил во Каулун сити областа во Хонгконг, само што беше изнајмено за 1.274 долари месечно. Површината на паркинг местото е стандардна, 12,5 метри квадратни, не ти следува ништо дополнително со него, и се наоѓа во луксузниот Ултима проект.
Висината на киријата доаѓа од тоа што Ултима проектот има 370 паркинг места за вкупно 527 станови. Сумата е поголема од киријата за стан во одредени делови од градот.
Во ноември два стана во комплексот Пик во Хонгконг беа продадени за вкупно 149 милиони долари, на еден купувач. Едниот стан има 425 метри квадратни, а другиот 394 метри квадратни.
Само една десетина од површината на Хонгконг е предвидена за изградба на објекти за домување.