На пример во САД, и пред Кина да престане до го увезува пластичниот отпад од цел свет, се проценува дека 91% од целата пластика која може да се рециклира завршувала на депонии. Во Европа работите се нешто подобри па крајната проценка е околу 70%.
Дел од алибито за ваквите просеци отпаѓа на тоа што некои од промените кои требало да го поедностават рециклирањето всушност го направиле речиси невозможно. Така од Универзитетот Џорџија објаснуваат дека една од причините што Кина престана да увезува американска и европска пластика е што претерано многу луѓе фрлале ѓубре во погрешна канта, што резултира со мешан отпад кој е тешко или невозможно да се рециклира. Од Универзитетот објавуваат и студија во која се тврди дека од сега до 2030, 111 милиони тони пластика која може да се рециклира наместо да заврши во Кина ќе заврши на депонии.
Самото рециклирање е крајно ископликувано од материјалите кои денес се користат за пакување на најразлична храна, кои имаат и различни кодови што на скала го означуваат нивното ниво на разградливост, а потоа градовите сами одлучуваат до кое ниво на скалата нешто е прифатливо за рециклирање. Во пракса ова значи дека исто пластично канче во еден град може да се третира како пластика за рециклирање, а во друг да не биде прифатливо.
„Дури и потрошувачите 100% да рециклираат, ние пак нема да бидеме ни близу до рециклирање на 100% од материјалот, бидејќи голем дел од отпадот од потрошувачите едноставно не може да се рециклира, често пат затоа што комбинира разни материјали,“ објаснува хемискиот инженер Меган Робертсон.
Една од причините зошто Кина увезуваше пластика за рециклирање е затоа што можеше да најде евтина работна сила која рачно ќе ги сортира различните пластики.
Друг проблем со рециклирањето е што речиси сите постојни пластики што можат да се „рециклираат“, не можат по првичната употреба повторно да се претворат во пакување за храна, туку животот го продолжуваат како торба или столица за двор, по што завршуваат на депонија како нивна последна станица.
„Решавањето на проблемот со пластиката многу наликува како на лекување рак. Дури и ако некој престанал да пуши, ракот и понатаму ќе постои. И дури и ако сите ние разбереме дали нашите градови прифаќаат рециклирање на пластични канчиња, пластиката и понатаму ќе ја загадува околината. Внимавањето не е решение се додека иновациите од лабораторијата не нè стават на победничка патека,“ пишува Флам.