Пороци

Што да прави поштен човек со 5 милиони долари

Во првите 5 дена легалните продавачи на марихуана во Колорадо направија 5 милиони долари, што е одлично кога би имале каде да ги стават парите што ги заработија.

Македонија, Бугарија и Грција: комшилук со најмногу пушачи во свет

Во Америка некаде во 60-те властите сфаќаат дека цигарите се штетни и започнуваат со мерки против пушење. Така денес во САД пушат 19% од возрасните, споредено со 42% во 1965-та. Слично е и во остатокот од светот. За среќа ние се држиме.

Колорадо на резерва со марихуаната

Четири дена по почетокот на легалната продажба на марихуана во Колорадо, продавачите не можат глава да кренат и се во жива паника дека залихата што ја планирале за цел јануари ќе им заврши за некој ден.

Умереното пиење и имунитетот

Студијава ќе им помогне на научниците да најдат нови начини за подобрување на имунитетот на телото, а вам ќе ви помогне да ги смирите сите дилеми додека попладнечки ја ставате чашата ракија / вино "за опуштање."

Мажот што ги прелажа милионерите со лажно вино

Роден е во Индонезија, расте во САД и добива репутација на човек што може да ги најде најретките вина во светот, кои ги продава блесаво скапо. Едно време му текнува дека и он може да прави стари, скапи и ретки вина.

И Њујорк не е имун на Бит-пазар

Од интернет и од срцепарателните приказни на нашинци што се нашле во Њујорк, знаеме за пеколната цена на кутија цигари од 5,85 долари (267 денари, кој било бренд). Од животно искуство знаеме што се случува кога некој ќе ја покачи цената на цигарите заради акцизи и даноци.

Не плаќајте скапа пијачка, ако не е виски

Теоријата е дека најголемата измама на индустријата за алкохол е дека колку е поскап, толку е подобар пијалакот.

Како крокодил ги скапува зависниците

Крокодил е една од најужасните дроги што некогаш постоеле на земјава, чија главна нуспојава е што нејзините корисници буквално физички гнијат и се распаѓаат. По 10 години во Русија, Крокодил неодамна се појави во САД.

Швајцарија ја декриминализираше марихуаната

Ова значи дека поседувањето марихуана и понатаму останува забрането, само што во иднина тоа е на ниво на обичен сообраќаен прекршок, наместо да се третира како криминал.

А карта е обележана курва

Еден од живите митови на светскиот покер, човекот кој за три години од 50 долари направи 40 милиони, е фатен во казино како ги бележи картите.

ВИП дувачка секција

За да го разбие митот за уживателите на марихуана како "таму некои лузери", американска организација која го бутка проектот за легализација на користењето на ова растение објави импозантна листа на влијателни луѓе од политиката, науката, бизнисот и забавата кои некогаш или се уште пафкаат. Кријте ја веста од спортски коментатори, ќе ни се шокираат и ќе ни се мајке наебат

Швајцарците не би да се расправаат ниту со своите

Затворските стражари во Швајцарија се сложни дека нема причина зошто би ги терале затворениците да престанат да пушат марихуана, кога и онака вака се сосема добри и нема потреба да ги вознемируваат.

Фабирате ли вие?

Ништо страшно ако не сте слушнале за болеста на 21-от век наречена фабинг (phubbing), бидејќи терминот постои само еден месец. А се однесува на сите пациенти кои претеруваат со мобилните.

Даноци кои завршуваат со мамурлук

За сите мудреци кои веруваат дека една од мерките за создавање на НОВИОТ човек е зголемување на даноците на алкохолот затоа што на тој начин тој ќе им стане помалку достапен на луѓето, еден течен пример од Русија.

Колку пари се губат од мамурлак

Во седмицата околу 4-ти јули продажбата на пиво во САД ја надминува сумата од 1 милијарда долари. Работодавците знаат дека на 5-ти јули не треба да очекуваат премногу од своите вработени.

Зошто цело време губите на автомати

Главниот успех на автоматите за коцкање во собирањето на вашите пари е да ви создадат илузија дека всушност победувате.

Големиот грабеж на вотка

Во филмски грабеж во Флорида украдена е вотка во вредност од 1,1 милиони долари, пари за кои од конкретниот бренд на вотка добиваш само 752 пакети (по цена од продавница).

Теорија на релативитет на вино

Вино можеш да купиш за 500 долари од шише и за 2 долара од шише, ама што се однесува до "винските економисти," нивото на корелација меѓу цената на шише вино и неговиот квалитет е мала или речиси непостоечка.

Како да направиш старо виски за една недела

Годинава Американците ја започнаа со бунт (многу посилен отколку овој за шпионирањето од НСА) заради тоа што Maker's Mark (немајќи доволно залиха) реши дека најдобро би било ако ја разводни постојната резерва на својот бурбон. Идејата не им пројде. Сега еден нов производител тврди дека знае како да создаде одлежано виски за една недела.

Пивскиот стомак е мит

Општоприфатениот став за пивскиот стомак - дека пивото некако успева да го таргетира само стомакот - воопшто не одговара со медицинската наука.

Економската оправданост за легализирање на сите дроги

Во долг период од постоењето на човештвото, добар дел од дрогите (марихуана, морфиум и кокаин), легално биле произведувани, продавани и консумирани. Дури на почетокот од 20-от век, под притисок на американски мисионери, полека почнува да се воведува глобална прохибиција на дрогите. Тогашните противници на забраната, тврделе дека таа никогаш нема да ја сопре побарувачката.

2 во 1

Диспанзер за медицинска марихуана има вишок на стебленца, листови и корен од марихуаната што ја продава. Сточар од близината на Сиетл има недостаток на храна за свињите на неговата фарма. Одлично поврзавте.

Марихуаната влече на слабеење

Гладта е добро позната нуспојава на пушењето марихуана, и во ниту еден случај никому не му дошло да јаде брокула, туку обично е сладолед, чипс, чоколадо или некоја приближно калорична храна. И покрај ова луѓето кои пушат марихуана во просек се послаби.

Како знаеш дека претерале со социјални медиуми

Затоа што последните 5-6 години покажа дека социјалните медиуми и алкохолот се одлична комбинација, Бадвајзер изработи чаша за пиво која автоматски те поврзува на Фејсбук.