Немаштијата е последица на неколку домашни и меѓународни запленувања на поголеми пратки со кокаин, а на теренот во Англија ова се одразува и со повисоки цени и со постојан пад на чистотата на кокаинот.
Во разговор за Вајс, еден 20 и нешто годишен дилер на кокаин објаснува дека ова е најголемата криза до сега и дека сето ова ќе ги излуди Англичаните за време на Мундијалот.
"Англија - Италија е во 23 часот во сабота (по англиско време), па ако е сончев ден луѓето ќе почнат уште рано и очекувам уште една тура купувачи доцна во ноќта - а ако победиме потоа ќе има уште повеќе славење," изјавува дилерот, според кој кризата значи дополнителни проблеми за полицијата и сопствениците на баровите, бидејќи "луѓето се потпираат на кокаинот за да ги издржат целодневните забави; луѓето го користат секоја седмица - па тргни го тоа на страна и луѓето ќе бидат мртви пијани. Бројот на тепачки ќе биде неверојатен, и ако Англија изгуби тогаш се кладам дека неколку пабови ќе бидат уништени - тоа е стандардно."
Понатаму Вајс интервјуираат еден повисок дилер, кој речиси 20 години е во овој бизнис. Според него главна причина за кризата е 51 милион долари вредната пратка кокаин која беше запленета на брод во шкотското пристаниште Ларгс. Бродот Кејп Марија минатиот месец тргнал од Колумбија товарен со јаглен, меѓу кој била сместена и пратка од 110 килограми кокаин.
Во акцијата се уапсени и тројца Холанѓани, сместени во хотел во град во близина на пристаништето. Во хотелот биле најдена опрема за нуркање, гумен чамец и подводен скутер.
Претходно проблеми со снабдувањето на пазарот со кокаин предизвика акцијата на колумбиската полиција, која во април заплени околу 7 тони кокаин, вредни над 250 милиони долари, кои требаа да бидат испорачани во Ротердам. Се на се, Колумбијците само во 2014-та имаат запленето на 25 тони кокаин.