На кои дроги е Европа?

И според последниот европски извештај за наркотиците, на Стариот континент дрогите се чувствуват ко дома. Само канабис и кокаин се троши 2.000 тони годишно. Конкретно по земји ситуацијата изгледа вака:


ДАНСКА
Според едно меѓународно истражување на оваа тема, во Данска канабисот е попопуларен од тутунот. 66 проценти од испитаниците рекле дека пушеле канабис последната година.

ЕСТОНИЈА
Естонија има посебен проблем со фетанилот, еден силен синтетички елемент поради кој има најголема стапка на овердозирања во Европа а и ХИВ инфекциите се високи.

ФИНСКА
MDPV се вика она што таму легално се продава, како дозволена варијанта на кокаин. Има предизвикано бројни смртни случаи.

ГРЦИЈА
Јужниот сосед има катастрофални проблеми со дрогата наречена шиша, варијанта на метамфетамин која знае да биде ефтина и до еден долар за доза.

ИРСКА
Грам трева во Ирска достигнува до 27 долари, што ја прави оваа земја најскапа за да се надуваш.

ХОЛАНДИЈА
Луѓето се познати по нивната склоност кон стимуланси. Преку 50 проценти од возрасните испитаници рекле дека земале МДМА последната година, со што таа станува попопуларна од канабисот. Земјата врие од "бонбончиња'- во 2012-та биле запленети 2,4 милиони екстази таблети, најголем товар во цела ЕУ.

НОРВЕШКА
По Естонија, има најголема стапка на овердозирања. Според проценките на тамошните државни органи, 76 луѓе во еден милион ќе умрат од овердозирања, главно од таму најпопуларниот хероин.

РОМАНИЈА
Сакаат да експериментираат со новите дроги па повеќе од една третина луѓе кои првпат влегуваат во програма за рехабилитација имаат проблеми со новите синтетички дроги. За споредба, само 21 процент се хероиномани, бидејќи хероинот е прескап. 

ШПАНИЈА
Најголемата европска порта за Канабис (од Мароко). Во Ѓпанија се запленуваат две третини од целиот фатен канабис во ЕУ. Шпанците сакаат и синтетички канабиноиди - прскани растенија кои симулираат ефекти на канабис.

ТУРЦИЈА
Со децении ако не и векови, Турција е најголемиот хотспот за трговија со наркотици. Тоа останува и денес.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
И од 2010-та, мефедронот останува многу популарен на црниот пазар во Британија. Често се меша со хероин за да се добие поефтина варијанта на Спидбол (микс од хероин и кокаин)

-----------------------------
Информациите се компилирани од The Global Drug Survey 2014.

Последниот европски извештај за наркотиците, на хрватски јазик го имате тука.