Пороци

Сите наши слаби точки

Уште при првото запознавање со алкохолот има две работи кои ти се јасни, прво не треба да пиеш на празен стомак, второ не треба да пиеш ако си на лекови. Со тек на време науката открива и други споредни моменти кои влијаат на тоа колку брзо се опиваме.

Кога кампањите ќе напнат

По 25 години упорни кампањи против користењето дрога и милиони долари потрошени на пораки од типот "Вака изгледа вашиот мозок на дрога," излезе дека целата работа има сосема спротивен ефект.

Рускиот уличен фронт против дрогата

Паралелно со регуларната марихуана, рускиот пазар е преполн со т.нр "синтетичка марихуана," која во основа воопшто не наликува и е бескрајно поштетна и поопасна од оригиналниот производ. Како одговор на ова низ земјата почнуваат да се формираат банди од млади дечки кои најдиректно тргаат во лов на дилерите на оваа дрога.

Може и ќе се спасиме

Секој човек има некој магичен лек за мамурлак и секој од нив магично не функционира кај ниту еден друг. Сега, научниците сериозно се фатија со решавање на мамурлакот на научна база.

Зошто после пиење рано се будиме

Еден од најголемите #firstworldproblems што не можеме да си го разјасниме е: ќе легнеш трезен, утрото едвај се будиш; ќе легнеш пијан после кафана, утрото стануваш пред алармот.

Кофишоп Пјонгјанг

Најзатворената држава на светот, која го контролира секој можен сегмент на животот на своите граѓани, во исто време и рај за пушачите на марихуана. Додека владата има смртно сериозен став кон тешките дроги, марихуаната во Северна Кореја воопшто не се смета за дрога.

Русија се разбуди од Нова година

Со комплетно неверување, лондонски Гардијан вака го почнува текстот: "Додека во најголемиот дел од светот, Новата година значи свеж почеток, време за новогодишни одлуки, зачленување на фитнес и ветување за поголема продуктивност, во Русија таа означува две недели пиење без престан."

Зависноста со ќотек се избива

Слично на методите на околните цркви, една клиника на Сибир почна да лечи наркомани со ќотек, само не со лопати туку со стап, по цена од 70 евра од сесија.

Во алкохол обединето кралство

На добар дел од Британците кои во новогодишна резолуција посакале да станат познати и да ги има во весници, желбата им се исполни уште утредента. Конзервативните медиуми ужаснати од тоа колку пијани, искршени луѓе акале по улиците за новогодишната ноќ. Фото сторија инклудинг пијана девојка која држи откорнато дрвце.

Дрогата штетна за меракот?

Кинеските научници најдоа начин за успешно лечење на зависност од дроги, единствен проблем е што после третманот ја губиш волјата за живот.

Никој не треба вака да изгледа

Генералниот консензус е дека метамфетаминот е лош, како што и сите други дроги се лоши. Да нема забуна, мет е веројатно меѓу топ 3-те најразорни дроги што постојат.

Најден е светиот грал за денот потоа

Сите фори што до сега сте ги чуле (и пробале) за мамурлакот слободно може да ги заборавите. Американците измислија чаре за кое тврдат дека, после инфузијата,  е најдоброто нешто за мамурлак.

Војната против дрогата не функционира

Не само што е многу скапа, туку војната против дрогата речиси и да го нема променето бројот на зависници во САД. Цели 40 години.

Како алкохолот ве прави пијани

Што се случува откако ќе го консумирате алкохолот и како тој се разигрува низ вашето тело, за на крај да не можете да станете од маса.

Од чашата си патиме

Причината зошто многу и брзо пиете пиво нема никаква врска со тоа колку сте дрчни, туку директно е поврзана со тоа колку ви е заоблена чашата.

Однесено со рацијата

Американската полиција откорна насади на марихуана во вредност од над 1 милијарда долари. И за сето тоа е виновна сушата.

Економијата на подземните нарко тунели

Во изминатите 3 години само во Аризона се откриени 22 подземни тунели исклучиво наменети за шверц на дрога во САД. Она што е проблем е што веројатно уште исто толку се ископани до сега.

Каде се јаде во Лондон за 70 илјади долари?

Колкава е најголемата сметка што со друштво сте ја направиле во кафана? Чекајте сега да ја видите наводната сметка од вечерата на 15 високи функционери на организаторот на Олимпијадата.

Затоа не се чува туку се пие

Блесаво скапо шише коњак, по 200 и кусур години чување и преживување секакви револуции, војни и востанија, заврши на патос во Плејбој клубот во Лондон.

Тура, дувај, тура, дувај...

Не само што ќе треба да пазат дали пиеле кога возат, сега Французите ќе треба да пазат и дали со себе понеле и тест за алкохол.

Шампионот на ризла

На глобално ниво, канабисот ја држи тројната круна како најпроизведувана, најшверцувана и најконсумирана дрога во светот.

Живи ги фатија

Ако нешто функционира во борбата против пушењето тоа се грозните слики на кутиите цигари, бидејќи пушачите стварно им се плашат на нив.

Перфектна количина алкохол

Заради контрадикторноста на истражувањата околу здравствените бенефити на алкохолот, научниците од Оксфорд се зафатија со откривање на оптималната количина што може да се пие. Резултатите нема да ви се допаднат.

Покачување против алкохолизам

Русија планира да почне борба против алкохолизмот која ќе стартува со сериозно зголемување на цените на вотката. Последен политичар кој се обиде да го направи ова беше Горбачов, во годината кога не доби нов мандат.