Методот на научниците од UCLA користи ензими кои го копираат начинот на кој вашиот црн дроб го разградува алкохолот. Во трудот објавен во Nature Nanotechnology, групата предводена од професорот по хемиски и биомолекуларен инженеринг, Јунфенг Лу, објаснува дека овие ензими еден ден би можеле да бидат претворени во пилула, која не само што ќе лечи мамурлак туку и ќе служи како "превентива од опивање."
Во основа, сакаат да кажат дека пилулата би ви помогнала ако после кафана сакате да возите до дома.
Ензимите кои природно се појавуваат во крвта работат во тандем за да ги трансформираат молекулите и да ги елиминираат токсините. Групата создаде повеќе ензими кои го копираат природниот процес. Ензимот познат како "alcohol oxidase" помага во оксидацијата на алкохолот, меѓутоа исто така произведува и водород пероксид кој е токсичен. Друг вид на ензим (catalase), го забрзува разлагањето на водород пероксидот во вода и кислород. Ставајќи ги двата ензима еден до друг, помага ефективно да се отстрани алкохолот.
До сега тестот е правен само на глувци, кај кои имал сериозно добри резултатите. Двете групи на глувци кои биле тестирани (на едни им биле дадени ензимите + алкохол, а на другите само алкохол )имале речиси 35% разлика во нивото на алкохол во крвта.