Компанијата Кливленд виски, соодветно сместена во Кливленд, има најдено начин како на синтетички начин да го старее пијалакот, со помош на многу притисок и даб.
Процесот вклучува садови под висок притисок и парчиња јагленосан даб, кој треба да му го даде карактеристичниот мирис на бурбонот.
"Алкохолот во бурето за виски ги одлежува првите 6 месеци од животот. Потоа се пренесува во не'рѓосувачки железни резервоари. Потоа, дабовото буре е исечено, обработено и се додава во резервоарот. Тука алкохолот минува низ серија на разни притисоци со цел да се набие а потоа и истисне од порите на парчињата даб. Како сунѓер. Откако ќе биде ставено во резервоарот, потребна е една недела за да биде создадено вискито," објаснува маркетинг директорот на Кливленд виски, Том Ликс.
Консензусот околу вкусот е дека "не е лош," иако еден дегустатор за Форбс изјавил дека тоа повеќе имало вкус "на ирско виски, отколку на бурбон."