Блесаво скапо шише коњак, по 200 и кусур години чување и преживување секакви револуции, војни и востанија, заврши на патос во Плејбој клубот во Лондон.
Заради контрадикторноста на истражувањата околу здравствените бенефити на алкохолот, научниците од Оксфорд се зафатија со откривање на оптималната количина што може да се пие. Резултатите нема да ви се допаднат.
Русија планира да почне борба против алкохолизмот која ќе стартува со сериозно зголемување на цените на вотката. Последен политичар кој се обиде да го направи ова беше Горбачов, во годината кога не доби нов мандат.
По основа на запленети дроги на музичките фестивали низ Британија, може да се заклучат две работи: 1. луѓето многу помалку се дрогираат и 2. со многу поевтини дроги.
Науката ја потврди 100 години старата изрека на лордот Актон (власта расипува, апсолутната власт - апсолутно) и како биoлошка вистина. Органските механизми околу тоа чувство се идентични на оние кои ги покренува кокаинот.
300 угледни американски екомомисти меѓу кои и тројца Нобеловци потпишаа петиција со која бараат Барак Обама да посвети целосно внимание на наодите на нивен колега дека легализацијата на марихуаната може да и заштеди огромни пари на државата.
Звучи тотално погрешно ама има есап, а тоа некогаш е врвен критериум во модерното здравство. Канадска студија покажала дека на тешките зависници од хероин е подобро (читај: поефтино) наместо метадон да им се дава диацетилморфин. Да преведеме на нашки: диацетилморфинот Е хероин.