Во акцијата на DEA (американското ЕнТеШе), откриени се на 578.000 стебла канабис, низ неколку шуми и национални паркови во западниот дел на САД.
Над 80% од сите растенија биле искорнати во Калифорнија.
Освен марихуана, полицијата открила огромни количини вештачко ѓубриво, километри и километри системи за наводнување и пестициди, кои се употребувале за одгледување на растенијата.
Заради сушата било многу полесно да се забележат насадите со марихуана, бидејќи растението е далеку поотпорно од домашните култури, па и покрај немањето вода тоа останува зелено. Наспроти него, најголемиот дел од насадената пченка веќе одамна е сува и жолта.
да не се пропушти приликата
http://healthyfitfood.com/2016/03/12/say-goodbye-to-pesticides/