Интересна биографија има Саша Шулгин. Човекот кој се смета за изумител на преку 200 психотропни супстанци, со децении имаше лиценца од Американскиот департмент за борба против наркотиците.
Александар Саша Шулгин влегува на Харвард на само 16 годишна возраст, за да учи органска хемија. По две години го напушта за да отиде во морнарица.
По Втората Светска Војна дипломира на Беркли па работи во угледната фармацевтска компанија каде го развива првиот биоразградлив пестицид Зектран.По огромниот комерцијален успех на Зектран, му е дадена слобода да истражува по сопствено убедување.
И така под закрила на фармацевтскиот гигант, почнува да си игра со мескалин.
Подоцна ја напушта компанијата и отвора приватна лабораторија во која произведува нови психотропни супстанци кои ги тестира во тесен круг пријатели, заедно со својата сопруга Ен.
Цели 20 години работи со лиценца од ДЕА (Drug Enforcement Agency), лиценца која им се дава на одбрани луѓе да експериментираат со супстанци кои се нелегални. Шефот на оваа агенција му е еден од најблиските пријатели.
По сопствено признание, Шулгин имал преку 4.000 халициногени искуства. Но, за цело тоа 40 годишно дрогирање бил исклучително дисциплиниран и никогаш не претерувал со дозите.
Со МДМА почнува да експериментира во 1976-та година. Првично таа била наменета за фармацевтската компанија Мерк за изработка на агенс за засирување на крвта, но тој ја ресинтетизира за да се добијат нејзините останати ефекти
Иако МДМА ја бие глас како дрога која ја менува перцепцијата и чувството за допир, Шулгин никогаш не бил импресиониран од неа. Споредувајќи со светот на алкохолот, тој екстазито го сметал за разблажено мартини.