Додека Калифорнија се подготвува следната година да ја легализира рекреативната утопреба на марихуаната, еден градоначалнички кандидат проценува дека е вистинско време да се направи чекор напред: да се легализираат и психоделичните печурки. Не гледа тој друго чаре за овој тажен свет кој им нанесува болка на луѓето и го пумпа нивното его.
Умерено пијаните лица подобро и потечно зборуваат странски јазици, утврдиле холандски истражувачи. Бидејќи алкохолот го убива срамот, фатените не му ја мислат многу дека ќе звучат лошо, па главно затоа звучат супер.
Во средата претседателот на Колумбија објави дека тамошната полиција запленила речиси 10,9 тони кокаин, рекордна количина што успеале да ја ожнеат во една акција.
Без да осудува и да ги преиспитува вашите животни одлуки, кинеска компанија на самци им нуди доживотна залиха на алкохол, за нешто помалку од 1.450 евра, еднократно.
Влада на земјата спонзорира создавање на он-лајн видео серијал во кој тројца млади пробуваат дроги како екстази, ЛСД спид или (скоро) која и да е друга дрога што ќе ја препорача некој од над половината милион следбеници на Јутјуб.
За некое време ќе излезе очекуваното овогодинешно издание на „Виски Библијата“ на Џим Мареј. Сите победници ги знаеме, ниеден победник немаме пробано. Тежок живот новинарски.
Тоа што не знаевме ние, а очигледно знае група француски крадци, е дека во катакомбите под Париз се чуваат големи резерви на старо квалитетно вино. Овие резерви само што се намалија за вино во вредност од 250 илјади евра.
Првично познати по управувањето на борделите (во ултра вносниот центар на Лондон) благодарејќи на шверцот на бело робје и оружје од војната во Косово, албанските криминалци во Британија полека станаа главни играчи во уште еден сегмент на британското подземје: продажба на дрога.
Од неделава Уругвајците можат да влезат во која било аптека во земјата и да купат владина марихуана по загарантирана цена од 1,30 долари по грам. И не ти треба никаков рецепт за тоа.
Британски научници се подготвуваат да ги спроведат првите клинички тестирања на светот со кои ќе се утврдат терапевтските ефекти на МДМА (активната супстанца во екстазито) во лекување алкохолизам.
Таман кога човек ќе помисли дека на светов не постојат вистински херои, ќе се појави научник што тврди дека знае како да се елиминира мамурлукот после пиење. Лоша вест: не одма, ќе си офкате уште некое време.
Тоа што некои стануваат зависници од кокаин првично беше објаснето со погрешни проценки, односно дека начинот на кој дрогата зафаќа одредени делови од мозокот спречува одредени луѓе правилно да расудат меѓу минатите грешки или да разликуваат што е добро, а што е погрешно. Сега позицијата е ревидирана на - некои луѓе имаат генетски предиспозиции за зависност од дрога.
16 држави низ светот и половина од американските сојузни држави го дозволуваат користењето на марихуаната во медицински цели. Сепак од стотици наводни медицински придобивки, само за три постојат конкретни научни докази.
Она што ние го водиме како "после Нова година не пијам" (па виртуозно го одлагаме во етапи после Бадник, Стара Нова, Св. Јован, Св. Трифун), Американците го имаат професионализирано на ниво на предизвик наречен - Сув јануари. И тоа не чини.
Неволни да веруваат на резултатите на научниците од Пердју Универзитетот (според кои одговорот на прашањето е позитивен), Вајс собира група дилери на кокаин да го кажат своето мислење околу темата.
Претворањето на исламските милитанти во организација финансирана со пари од продажба на дрога е брилијантен начин во исто време да удриш по џихадистите, и да му наметнеш грижа на совест (и основа за помагање на тероризам) на секој вклучен во купување и продажба на дрога. Плус, е совршено прифатлива приказна за медиумите и секој што е задоволен само со читање наслови на вести.
Бад лајт се појавува во 1981, до 1990 продажбата на лајт-пива изнесува 28% од вкупната продажба на пиво. Изминативе години, лајт-пивата зафаќаат седум места на списокот на десетте најпродавани пива во САД.
Во време кога има позаканувачки и депресивно поконзистентни типови тероризам, не многу луѓе ќе се потресат од екстремистичка група составена од француски винари, кои во својот поход за заштита на француското вино уништуваат канцеларии или истураат илјадници тони увозно вино. Без разлика, тие постојат и се водат како ЦРАВ (Comité Régional d’Action Viticole).
Лошо е што резултатите се од најнови научни анализи и се поддржани од експерти за здравје. Полошо е што важат и за оние што пијат алкохол и малку и умерено. Нуспојава, веројатно и алкохолот ќе добие етикети како цигарите.