Аида Батл која цел живот одгледува кафе еден ден минува покрај купиштето лушпи кое подолго време се пржи на сонце. Забележува дека од таму се шири убав мирис на „хибискус и останати цветни ароми“. Зема дел од лушпите за да ги тестира, ги вари во топла вода и добива вкусен пијалок. Потоа ги кани своите муштерии да дојдат и да пробаат.
Ова се случува пред една деценија. Денес Старбакс воведе пијалак со сируп од касакара (називот под кој се познати лушпите од кафе), а некои од најголемите конкуренти на компанијата на своите менија додаваат чаеви или газирани пијалаци со вкус на касакара.
По сето ова, Батл за Блумберг објаснува дека таа добива по 7 долари за фунта каскара (околу 450 гр.), додека просечната цена на кафето (за иста количина) последниве години се движи околу 1,2 долари, пред се заради преголемата снабденост со арабика, разлика од околу 480%.
Каскарата има малку кофеин и помалку доминантен вкус од кафето, а вади шмек на хибискус „и може да има вкус на папаја и зелено јаболко во зависност како и каде е одгледана“.