Научници од Империјалниот колеџ од Лондон соопштија дека добиле дозвола од надлежната етичка комисија да спроведат мал МДМА тест со 20-тина алкоси од Бристол.
За време на опитот, пациентите - сите по ред алкоси тешкаши со импозантна листа на претходни неуспеси да се отрезнат - ќе бидат подложени на психотерапија додека се под влијание на 99,99% чист МДМА.
МДМА е супстанца од редот на емпатогените, дроги кои произведуваат чувства на љубов, социјална поврзаност и емпатија. Појдовната хипотеза е дека под дејство на таа супстанца, ќе се извлечат максимум позитивни ефекти од психотерапијата.
„Ќе ја искористиме дрогата за да ја зацврстиме врската меѓу терапевтот и пациентот; на тој начин очекуваме дека ќе можеме да дојдеме подлабоко во срцето на проблемите кои предизвикале долгогодишна зависност“.
Па можете ли да ги замислите оние 20 одбрани весељаци кога ќе ја сфатат финтата?