Наука

Луѓе, ај честито нов орган

Откако ние паметните надмено ги баталивме бајачките и бабините деветини и нашите тела и здравје комплетно им ги доверивме на науката, официјалната медицина допрва открила нов орган во човчекото тело. А тоа значи нова серија болести.

6 погрешни работи околу наука и медицина што треба да останат во 2016

Ако за време на најпренесуваните и медиумски најзастапени претседателски избори, дузина маргинални сајтови успеаа да предизвикаат хаварија тогаш не е ни чудо што науката и медицината не можат глава да кренат од најразлични недокажани или докажано неточни концепти.

Не се плаши, не се бој, нема коски итн.

Кај мајмунот е колку прст, кај моржот знае да биде долга и 60 сантиметри. А човекот воопшто нема коска на пенисот. Видете, со моногамијата мажот изгуби многу, па и тоа.

Кога науката кажува слатки приказни

За да се задржи нивото на потрошувачката на шеќер, индустријата платила научен развој на вакцина против расипување заби. Тие што слепо ѝ верувале на таквата наука останаа и без вакцина и без заби.

Најголемиот дел од нашата историја е историја на глупавост

Ставот не е за нас, туку општо за човековата историја, на која, според Стивен Хокинг, имаме потрошено премногу време (а немаме многу научено).

Научници несакајќи открија ефикасно решение за ЦО2

Процес за отстранување на ЦО2 од атмосферата, кој е евтин, ефикасен и лесно може да се зголемува во зависност од потребите е неочекувано брзиот резултат од едно научно експериментирање.

Науката се заинтересира за ѕуниците

Виножитата консенсуално ги сакаме и тука нема збор. Но, како и со некои други љубови, тоа што ги сакаме не значи и дека им обрнуваме доволно внимание.

Науката се заинтересира за ѕуниците

Виножитата консенсуално ги сакаме и тука нема збор. Но, како и со некои други љубови, тоа што ги сакаме не значи и дека им обрнуваме доволно внимание.

ЦЕО-то на Боинг вети дека ќе стигне на Марс пред Маск

Боинг е компанијата која му помогна на САД да го победи Советскиот Сојуз во испраќање човек на Месечината. И покрај неколкудецениската предност Боинг моментално каска зад Спејсикс на Елон Маск во истражувањето на вселената.

Драмата околу доделување Нобел

Иако на површина изгледа како најбеспрекорната церемонија за доделување награди во светот, под хауба Нобеловата награда има сплетки и кодошење на ниво на балканско бирање кандидат за Евровизија.

Сè е сјебано, научна перспектива

Дали стварно мислиш дека ќе ги излечиш светските болести, ќе најдеш решение за климатските промени, и ќе го издигнеш човештвото преку технологија? Нема - затоа што сè e сјебано, им се порачува на младите научници во воведот на предметот "Сè е сјебано".

Кинеската вселенска станица е "вон контрола"

Шпекулациите дека Кина повеќе ја нема контролата врз вселенската станица Тиангонг-1 (Божествена палата) беа потврдени од кинеските власти, кои исто така најавија дека очекуваат таа да падне кон Земјата и да согори во атмосферата кон крајот на 2017, а делови од нејзе веројатно е да стигнат до површината на планетава.

Зошто е лошо мрсното? Затоа што така кажа шеќерот

Приказна за тоа како шеќерната индустрија пред половина век ја префрли вината врз мастите. Како? Со пари. Кој ја изведе дубарата? Науката.

Зошто никој не ги прашува политичарите за наука?

Прашањето се базира на две статистики. Првата од американските избори 2008, кога од речиси 3000 прашања поставени на претседателските кандидати, само 6 се однесуваат на климатските промени. Втората, дека и покрај тоа што неодамнешните републикански и демократски дебати се одржаа на една недела пред 195 држави да го потпишат климатскиот договор од Париз, до кандидатите немаше ниту едно прашања околу климатските промени.

Микропукот, или зошто ќе гледате уште слики како таа од Нерези

Неформално микропукотот е познат како дождовна бомба, а формално е признаен како еден од најопасните природни феномени кој се појавува без предупредување, личи како експлозија на нуклеарка од 20 мегатони, се истура и заминува.

Мозок не е проблем, мозок нема

Случајот на еден Французин скоро една деценија ги фрла во депресија научниците кои беа уверени дека нешто знаат за биолошката основа на човековата свест. Имено, нему му недостасуваат 90% од мозокот и живее нормален живот. А не е пратеник. Добро де, работи во администрација.

Don't you 113 me

Четири новоткриени елементи од Периодниот систем кои досега беа со oзначувани со бројки добија предлог имиња кои се ставени на јавна дебата во следниве 5 месеци. Само ние си останавме БЈРМ.

Индустриска зона - Вселена

Се работи за заштита на животната средина и за искористеност на соларната енергија, и двете би имале многу поголем успех кога целата тешка индустрија би се преселила во вселената, тврди Џеф Безос.

Земјата е составена од две планети

Студијата ја прават астрономи од УKЛА, ја објавува журналот Сајанс, а откритието е дека Земјата се всушност две планети кои се споиле при нивната колизија пред 4,5 милијарди години. Во истиот судир е настаната и Месечината.

Та не е саде бозон, та не е саде Хигзов

Физичарите на ЦЕРН соопштија дека два тима, работејки независно, виделе трагови на можна нова честичка.

НАСА сфати што се случило со водата на Марс

Во однос на атмосфера, Земјата и Марс пред околу 4 милијарди години се речиси на исто ниво. Денес атмосферата на Марс е околу 100 пати потенка отколку на Земјата. Тоа што се случило во овој период во основа се сведува на промаја.

Како Монсанто ја модифицира науката

Приказната за тоа како Монсанто користи угледни научници за својата ПР кауза е приказна за вишок пари и кусок академски интегритет.

О.Н. сè потежок за разбирање

Збирните документи на О.Н. околу климатските промени содржат се подолги реченици и покомплексни зборови, од кога и да било до сега, заклучува анализа заинтересирана за лингвистичката страна на студиите.

Зошто роверите на Марс не смеат да припарат до водата

Иако никој не се сомнева во откритието и целото излагање на НАСА, за ова да биде 100% потврдено некој треба да собере примероци од водата на Марс. Моментално на Марс нема човек што може ова да го направи. Има два робота, ама и тие не смеат да се приближат до местата со вода.