Целиот план во глобала се базира на технологијата на која се базира и филмот Паркот Јура, само наместо диносауруси американските генетичари ќе сакаат да се пробаат со мамути, и не заради парк, туку за борба со климатските промени.
Сенаторот Ренд Пол се залага за ригорозна финансиска дисциплина за тоа како се трошат парите од даноците и во серија вади материјали какви сè небулози се финансираат, особено оние кои се маскирани во обландата на научни истражувања. Претходно обелодени милиони долари потрошени на глувци алкохоличари а најновото е за потполошки кои шмркаат кокаин.
Науката секогаш со право е горда на вградената опција за саморегулација и можноста во секое време нешто да се корегира, поправи или комплетно отфрли. Само што за тоа некогаш за тоа требаат десетина години.
Професорот Тим Ноакс своевремено ѝ удира шамар на доминантната прехранбена теорија за користа на јагленохидратите и штетноста на мастите, тврдејќи е тоа така - ама обратно. Половина деценија се води судски процес против него кој на крајот тој го добива. Неговиот случај на некои им личи на она што денес се случува со здравството и фармацијата.
Научници потрошиле 4,5 милиони долари за да навлечат глувци на алкохол а потоа малку да ги трауматизирааат, тоест да им прават фуфка. Сето тоа во име на воените ветерани и нивните ментални проблеми.
Експеримент на стручњаци за термодинамика ги потврдил главните принципи на оваа наука и во областа на времето односно механизмите кои го мерат: колку попрецизен часовник, толку повеќе енергија троши. Затоа ние користиме неодредени термини како „прееска“, за да шпараме.
Веројатно сте го слушнале она дека премногу седење може да ве убие, но, постои уште една причина поради која, да го дигнете задникот, еден ден може да ви спаси живот.
Научници успеале да следат една мисла, од нејзиното раѓање па до реакцијата која ја предизвикува. Потенцијално опасно откритие ако дојде во погрешни раце но одбранатa може да биде крајно едноставна и ефикасна: за да ја следат, треба да ја имаш.
Eжење е една контроверзна вест која се појави на неколку инстанци а сега конечно е објавена и во Сајенс: коронавирусот има способност да стане дел од човековата ДНК.
Најавата на два модерни британски универзитети дека ќе ги кратат своите оддели и курсеви за историја, наиде на жесток отпор на престижни авторитети од областа на образованието. Напомена за локални ботови: тешко дека ќе убедите некого дека и тие ја мразат Мила.
Ако нешто не лаже, тоа е видео, а на видеата кои деновиве кружат на Тикток се гледа како топки тазе собран снег не се топат кога директно ќе ги ставиш на оган. Исто така и физика не лаже, ама тоа е за тие што веруваат во физика.
По успехот со отпочнувањето на чипирање на глобалното население, научниците сега се свртеа на веројатно главниот столб на кој се базира човековото општество - времето и траењето на една минута.
Ако нашиот вид еден ден реши дека мора да се замине од оваа планета (заради неиздржливата клима, Кардашијанки или штогод) и притоа умее да замине во некои поладни региони на вселената, можеби ќе имаме начин како таму да не изѕемнеме.
Екипа од НАСА, Харвард и AT&T направиле сериозен исчекор во потрагата по квантниот интернет, технологија од која се очекува на безброј начини да го револуционализира компјутерскиот свет.
Своевремено Европската комисија реши да одвои една милијарда евра за истражувачки проект кој требаше да ја одгатне мистеријата на функционирањето на човечкиот мозокот. Од сите силни очекувања, испадна само документарец.
Едно од најмоќните технолошки зданија на планетава, телескопот од 900 тони што научниците го користеа за набљудување на вселената на крајот од ноември беше трајно затворена, а веќе на 1 декември се урниса.
На денот на науката (10 ноември), таа излезе со убава вест за човечкото здравје: добиваме ефикасна вакцина за грип одгледана на листови тутун. И вам пак не ви чини.
Само пред еден месец радосно извикавме „Венера, примаш ли гости?“ пренесувајќи го спектакуларното изненадување дека таму е пронајден биомаркер кој сугерира можност за постоење на живот. Еве нè сега, мораме да пренесеме дека таму има живот колку што има живот во Богданци во четврток навечер.
Вирусите во официјалната наука важат за штетници кои единствено умеат да го цицаат животот од другите. Меѓутоа, во долгите милиони години развој на животот на оваа планета, ама баш никој ли ја нема видено прекрасната нутритивната прилика да го цица нивниот живот?
Најголемата американска генетска студија на коронавирусот изведена во Хјустон покажува дека во вториот бран доминира мутација со многу потенцијално битни но една сигурно битна особина: дека тој сега полесно се шири. Тоа значи дека вирусот се снаоѓа со бариерите од типот носење маски и миење раце.
Од ведро небо, само неколку дена по откривање на знаци на знаци на живот, првиот човек на руската вселенска агенција, Роскосмос, ја прогласи Венера за „руска планета“.