Ко писне, корона стисне - сега!

За среќа, контра-науката се има собрано таков живописен џган што се чувствуваме природно имунизирани да бидеме инфицирани од нив. Ама па и другиве се за чудење. Ем глобалново срање ги начека со прстот во уста, ем отпосле ќе најдат безброј детали за да те излудат. По најново, спокојното зборување е опасно за пренесување вирус. Оукеј, само ќе дигаме веѓи и ќе си фрламе ишарети.

Дали во ова пандемија науката ја покажа сета своја немоќ? Не, има од тоа уште.

проф.д-р Мирослав Радман

Спокојното зборување со нормална јачина на гласот произведува течни капки кои можат да останат доволно долго во воздухот за да навлезат во дишниот свет на другите луѓе, потенцијално изложувајќи ги на вирусот кој доведува до ковид-19.

„Аеросолите од заразените луѓе се инхалаторна закана дури и на пристојна оддалеченост во затворен простор,“ вели биологот Метју Меселсон од Харвард, еден од потписниците на студијата (обајвена пред три дена) во која меѓу другото користеле ласер за да  го визуелизираат движeњето на аеросолите кога волонтери ќе изговорат едно обично „Останете здрави“.

Дали коронавирусот може да се „аеросолизира“ е дилема која со недели е актуелна и најчесто беше поврзувана со интубацијата на пациентите но ова е студија која се однесува на секојдневната комуникација.  

Големите парчиња кои се исфрлаат со кивање или кашлање можат само кратко да останат во водухот бидејќи се тешки и ги решава гравитацијата. Но оние од дишењето и зборувањето се далку побројни и се премногу мали за да се смират и нив ги раздвижуваат дури и мали струења на воздухот, како она кога некој ќе помине низ просторот или пак ќе се отвори/затвори врата, објаснува Меселсон.

Ситуацијата е слична како со ПМ честичките, колку се помали, толку се поопасни. Големите капки од кивање, кашлање и „течно“ зборување паѓаат на површини и можат да пренесат инфекција ако човек тоа го допре а потоа се фати за уста, нос или очи. Во тој случај, тие и вирусот кој евентуално го носат завршуваат во горниот респираторен тракт. Со малку среќа, можат да бидат исфрлени со носниот секрет или да бидат проголтани и однесени во стомакот пред да предизвикаат инфекција. Од друга страна, аеросолите се големи само неколку микрони и можат да пенетрираат длабоко во белите дробови.

 Претходни студии, неповрзани со ковид-19, установија дека аеросоли со дијаметар од 10 микрони, остануват во воздух околу 9 минути.

п.с. од истата студија: човек не пафта наоколу аеросоли ако зборува преку благо намокрен пешкир. Тоа во Гвантанамо го викаа вотербординг.

 

 

17 април 2020 - 10:12