„Во “буквална смисла, на прашањето дали тој генетски се променува, одговорот е апсолутно - да“, вели Марк Липсич, епидемиолог од Харвард.
Но, битното прашање е дали тие промени се важни за начинот на кој болеста се пренесува и другите нејзини перформанси.
„Засега немаме проверени докази дека се имаат случени промени во самата биологија на вирусот, ни на добро, ни на лошо,“ допрецизира тој.
Како и сите други вируси, и овој постојано менува делови од својот генетски код. Мутацијата е дел од нивниот животен циклус. Како и грипот, и коронавирусот е РНК вирус, микроскопски пакет генетски инструкции сместени во протеинска заштитна обвивка. Кога ќе зарази некого, односно кога ќе влезе во човечка клетка, тие инструкции го водат процесот како тој да се размножува, да се копира и да се пренесува во други клетки.
Во тие бројни копирања на самиот себе, неизбежно прави грешки и тие грешки се кумулираат и се пренесуваат на идните копии. На истражувачите овие мали и кумулативни промени им се корисни за да ја следат траекторијата на вирусот меѓу луѓето.
Засега, генетските промени во SARS-COV-2 се релативно стабилни, околу две мутации месечно, што е двојно или тројно поретко од грипот. Бавните промени се потенцијално добра вест за вакцината и нејзиниот рок на заштита; поизвесно e дека ќе трае со години а не само со месеци.
Коронавирусот е еден од најголемите РНК вируси; долг е околу 30.000 нуклеотиди - двојно повеќе од вирусот на инфлуенца. Широк е 125 нанометри, што значи дури 800 од нив би ги собрало во дијаметар на човечко влакно. Ваквата големина може да значи дека, во споредба со другите РНК побратими, тој располага со повеќе алатки за борба со имуниот систем на домаќинот. Ако научи да му се крие (а има потврдено случаи за тоа: пациенти кои имале вирус а организмот не им реагирал со анти-тела, за што зборуваше инфектологот Вело Марковски), тоа ќе значи голема победа во неговото стратешко позиционирање.
Но, во моментов на коронавирусот и онака му оди добро во ширењето, нема вакцина кога го ремети и во еволутивна смисла, тој не е под голем притисок за да се менува.