За разлика од тестот кој го детектира вирусот, овој тест би детектирал дали телото развило антитела како одговор на инфекцијата. Имено нашето тело, кога е нападнато од вирус, развива одбрана во која т.н. антитела се клучни играчи. Антителата остануваат во организмот и откако пациентот ќе оздрави.
Тестот би можел лесно да се произведе и лабораториите би можеле да тестираат неколку илјади луѓе дневно. Тестот би регистирал не само инфицирани, туку и оздравени пациенти.Таквата евиденција би била клучна при донесувањето на клучни одлуки во борбата против болеста.
Недостатокот на податоци при донесување на одлуки поттикна неколку сериозни реакции, меѓу нив и онаа која ја имаме во статијата „Професор Јоанидис има да ни каже нешто“. Реакција пак на неговите погледи имате тука.
Она што е чудно во случајов е дека кај некои заразени од коронавирус, организмот воопшто не развива антитела, што сугерира дека или го смета за познат или организмот не го препознава вирусот како опасност. Тоа го обелодени инфектологот Вело Марковски на гостувањето во ТВ Алфа, во една занимлива емисија во која се спомнаа некои видувања и проценки кои досега не беа слушнати.
Тим експерти пресмета дека стапката на смртност кај луѓе со симптоми на болести изнесува 1,4 проценти. Оценката важи само за Вухан и е изведена од тамошните бројки но дава насоки за остатокот на светот во кој многу земји можат да завршат и со помали бројки. Иако овој резултат и натаму е значајно повисок од смртноста на грипот, понизок е од процентите кои досега важеа за Вухан а се движеа меѓу 2, 3 па и повеќе проценти.
Од истиот извор, стапката на смртност кај оние меѓу 15 и 44 години била 0,5% со можност да била ниска до 0,1% и висока до 1,3%.За луѓе од 45 до 65, стапката е исто 0,5% со опсег од 0,2% до 1,1%. За луѓе над 64, стапката изнесувала 2,7% со опсег од 1,5% до 4,7%. Бројките се изведени од лицата кои биле дијагностицирани и имале симтоми на болеста. Ако се придодадат оние кои вирусот го прележуваат без никакви симптоми, би се добиле и пониски бројки.
Надлежните италијански инстанци панично копаат по ужасните бројки (денешниот жртвен биланс им се фрапантни 793 мртви) барајќи во нив некој ишарет што е најпаметно да се прави. Во последната студија на нивниот национален здравствен институт се наведува дека 99% од оние кои починале од вирусот, имале и некоја друга болест.
Анализирани биле 18% од смртните случаи во Италија и само три поединечни случаи (0,8%) немале некоја друга болест. Од другите, над 75% се бореле со висок крвен притисок, 35% имале дијебетес а една третина биле со срцеви заболувања.
А да се чуе и ова:
За крај, мора да ја пренесеме и веста која вели дека германската работна сила е тотално пореметена од сезонската болештина која се поврзува со 40.000 смртни случаи во Европа годишно. Само што веста е од 2018 година и се работи за грип.