Истрагата која нашла спорни моменти кај 189 научници од 87 институции започна уште во 2018 година и некои звучни случаи веќе завршија со апсења и кривични пријави. Таков беше случајот со Чарлс Либер, првиот човек на хемискиот и биохемискиот департмент на Харвард (види: Ковид-19: Тивкото апсење кое ги разгоре теориите на заговор)
Во поголемиот број случаи, финансиските аранжмани на американските научници ги координирал еден човек, Азиец на свои 50-тина години, чие име засега не се открива.
Три четвртини од оние кои влегле во истрагата имаат активни домашни грантови од Институтот а речиси половина имале најмалку по два гранта. Активните домашни грантови за нив тежат 164 милиони долари.
70% (133) од истражувачите премолчиле дека добиваат и странски грантови а 54% не пријавиле дека учествуваат во странски програми за таленти, еден од омилените начини на Кинезите за „спријателување“ со западни научници.