Кон крајот на јануари ова година американските власти подигнаа обвиненија против првиот човек на био-хемискиот департмент на угледниот Харвард, професор кој се смета за пионер во областа на нано-технологијата и нано-науките.
Истовремено - властите велат, во одвоени случаи - на слична основа како за Либер (работење за Кина поврзано со научни истражувања) обвиненија се подигнати и против двајца Кинези.
Харвардскиот професор е е уапсен затоа што криел и лажел за тајните исплаќања кои ги добивал од Кина, преку елитниот Универзитет за технологија во Вухан: истрагата вели дек се работи за 50.000 долари месечно плус 150.000 долари за трошоци за живот плус 1,5 милиони долари за отворање на лабораторија во Вухан. Истовремено, Либер работел и за кинеската државна програма за регрутирање на елитни научнички потенцијали а криел и за тоа. Сето то го правел додека ја држел високата позиција на Харвард и добивал сериозни грантови од американски институции, меѓу кои и од американското министерство за одбрана и Националниот институт за здравје.
Истиот ден беше соопштено дека обвиненија се подигнати и против Јангинг Је, која лажела за виза за да добие студентски статус на Универзитетот во Бостон а инаку е поручник во Народната ослободителна армија на Кина и Жаосон Женг кој на бостонскиот аеродром Логан е фатен во обид да изнесе од земјата 21 епрувета со материјал од биолошки истражувања.
Сноупс детално ја расплеткува приказната (главно дека во обвиненијата против Либер нема ништо за создавање и продавање на коронавирусот). Тоа го направија и други факт-чекери а за научниот магазин Лансет, 27 научници потпишаа заедничко соопштение дека ги осудуваат сите шпекулации за неприродното потекло на вирусот.
Бадијала е тоа за оние кои веќе си ја склопија приказната. На прашањето зошто оваа сторија брзо исчезна од големите медиумски аутлети, тие имаат едноставен одговор: Харвард e институција која вреди преку 40 милијарди долари.