Храна

Не купувајте пилешки стекови со онакви, бели

На фотографијава имате три доста слични пилешки стека. Кој од нив би го купиле?

Пушти си го рецептот колку што ти е долг фрижидерот

Заебана работа е кога ќе се залауфате со некој рецепт и негде при крај ќе дознаете дека клучно за финалниот вкус е да наросите чимичури, рецуцирана маракуја со пар зрна кардамом или мало капаче ружина водичка. Ова е многу попоштено.

Враќајте цревца, јазици, шваргли ем каурми!

Една импозантна архива на дигитализирани ресторански менија што датираат уште од половината на 19 век открива дека сме станале прави шмизли во однос на храната и она што сме спремни да го пробаме. И после, децата не јаделе.

Исланд е напред со времето, и проблемите

За време на една неодамнешна посета на средно училиште, претседателот на Исланд го кажа историското не - за ставање ананас на пица.

Проблемот со рафтови полни овошје и зеленчук низ целата година

Откако Италија и Шпанија зафатени од снег сличен на нашиот не успеаа на островот да му ја испорачаат потребната количина на овошје и зеленчук, во јануари на Британците им се случи сериозна криза која ги испразни пиљарите во супермаркетите. Откако пркна сонце, работите се вратија на нормала, ама проценките се дека догодина ќе биде само полошо.

Итали отвора "Дизниленд" за храна

Замислата на Итали (во оригинал Eataly, игра со зборот Italy) е тоа да биде дел забавен парк, дел учење преку забава, дел манџа. Локацијата на паркот е Болоња, а отворањето е во септември 2017.

Приказната за Захер тортата

Захер за Виена и за остатокот од благородниот свет е она што овде долго време беше Васина торта (пред човечката мрза да ја тронизира Нутелата), најраскошната убавина со која можете да го погалите своето непце. Иако приказната за Захер тортата е по малку горчлива, тоа на бечлии (ок, виенчанци) им донесе дупло (ок, двојно) благо.

Лажните вести не бираат жртви

Американците го почнаа февруари (меѓу другото) со информацијата дека нацијата е пред снемување сланина, и дека националните залихи на сланина се на најниско ниво во последните 50 години. Медиумите во земјата се на раб да прогласат ДЕФКОН 1.

Зошто на пијано ти се јаде донер?

Откако ова прашање е разрешено, следно нешто на што треба да се посветат научните капацитети е зошто донер на човечки достапно растојание од Балет, не е отворен во 4 наутро.

Цел месец без храна

Не се работи за религиозно постење, ниту за детоксикација или некаква диета со лажење и попуштање, туку цел месец не внесуваш ништо освен вода.

Го проретчија тоблеронето!

Во свет во кој Кардашиани се ѕвезди, Јелена Карлеуша оценува гласови а Америка бира меѓу Хилари и Трамп, само уште ова ни фалеше.

Зошто сокот од портокал е исфрлен од американскиот појадок

Иако со децении еден од столбовите на утринската исхрана, сокот од портокал се повеќе губи на популарност откако почнаа малку подетално да го анализираат. Моменталниот статус меѓу нутриционистите и пакуваниот портокал во течна состојба е - "ништо не си подобар од газиран сок".

Како Џејми Оливер ја обедини Шпанија

Се распрснаа стравовите дека Шпанија е неповратно поделена земја после двата општи избори кои завршија без конечен победник и речиси едногодишната политичка пат позиција. Народот конечно покажа единство, на голема жал на Џејми Оливер. Да бевме и ние како нив па да се побуневме кога почнаа да прават пилешки пастрмалии.

Мрсни сирења и кашкавали: може

Една ретка заедничка особина на диетите што ги познаваме (значи, сме читале за нив и сме си се излажале дека некогаш ќе ги пробаме) е дека кај сите се исклучени сирењата, кашкавалите, кајмаците и слични млечни оргазми. Е, па, драгичка. 

Па ова нема крај

Сето она што до сега беше фикс во држењето диети, јади месо и салата и ич да не му ја мислиш, излезе дека е сосема погрешно, требало да се јадат јаглехидрати.

Зошто лутото ни е слатко?

Иако практично е нервен отров, многумина го обожуваат. Има тука и еволутивни причини, има нешто што се вика хедонистичка контра а има и потреба од возбуда (кога веќе нема секс).

Твоето дете не е фуди, и така треба да биде

Обама пред некое време седна на јадење со Бордејн во Виетнам, сега Бордејн има интервју околу вечерата (и да ја промовира новата книга) во Ескваер, меѓу прашањата, како ја воспитува ќерка му околу јадењето.

Шестиот вкус - вкусот на леб

Ако колективно се договориме да не зборуваме за тоа што комплетно го прескокнавме 5-от вкус, умами (кој се дефинира како "пријатен вкус"), тогаш новоста е дека научниците идентификуваат и 6-ти вкус - скробесто, кој ја објаснува нашата желба за внесување јаглен-хидрати (од компир до тестенини).

Автор на готвачи тврди дека авторите на готвачи лажат

Како што забележува новинарот што разговара со Бордејн, минаа 16 години откако книгата Kitchen Confidential го прослави готвачот, што значи дека веќе има цела генерација млади кои комплетно се израснати во "пост-Бордејн" свет.

Затвор за вегани

Лошата вест е што насловот не е комплетно точен, добрата вест е што насловот не е комплетно неточен.

Директорот кој го донесе еурокрем во СФРЈ

За оние кои живееа во бившата држава, еурокрем е еден од артефактите кои асоцираат на неа. Деновиве тој прослави 45 години откако рецептот за него го донел генералниот на „Таково“, по службен пат во Италија.

Првата "бутка" за храна што доби Мишелин ѕвезда

Новиот Мишелин водич Сингапур им даде ѕвезда на двајца улични продавачи на храна, што се случува за прв пат во историјата на водичот. Објаснувањето на судиите од Мишелин до еден од  сопствениците: ние оценуваме храна, а не објект.

Вегани, не така зелени како они што мислат

Истражување во кое што никој не победува покажува дека јадењето помалку животински производи ќе го зголеми бројот на луѓе што може да бидат издржани од постојното земјоделско земјиште, ама во исто време дека и комплетното искоренување на животински производи од исхраната не е најдоброто решение.

Жената што ја одвикна Данска од фрлање храна

Се вика Селина Јул, мотото ù е "храната е љубов, кога ја фрламе, фрламе љубов" и е одговорна што Данците во последните неколку години го намалија фрлањето храна за над 25%.