Како социјалните медиуми ти ја сменија вечерата

Рестораните на Запад забележуваат чудни промени во изборот на она што нивните муштерии го јадат. Не се бира по вкус или цена. Се бира она „што ќе го личи“ на Инстаграм.

Цената на месото годинава е во постојан пораст но кафанџиите на запад мислат дека не цената туку социјалните медиуми се главниот фактор кој им го разбуричкува бизнисот.

„Во последно време сè почесто бираат јадења со многу растопен кашкавал затоа што тие им испаѓаат добро на фотките“, вели еден шеф на американски ресторан.

Од истите причини популарни се и „неонските милкшејкови“ во различни бои. Се фоткаат, се споделуваат и се очекува нешто од тоа да поприми вирален ефект. Да се испие, мање- више.

Промената во трендовите и однесувањето на корисниците, особено под влијание на социјалните мрежи, ги тера сопствениците да се приспособуваат на различни начини и да ги менуваат тактиките. На пример, во вецеата наголемо се ставаат огледала за селфија.

Инаку, небитно за овој тип корисници, цената на говедското на светскиот пазар годинава е зголемена за 30%.

13 јули 2017 - 23:58