Можно е сите диети да се плацебо

Со оглед на тоа што постојат толку многу диети кои меѓу себе се контрадикторни по „филозофијата“ и нутриционистичките правила па сепак за секоја ќе најдете некој што се колне во неа, една храбра теорија вели дека е можно сето тоа е едно обично плацебо. Дека луѓето можат да слабеат ако се уверени дека прават нешто што ги слабее. 

Армија страдалници и пророци со децении се далдисани во потрага по светиот грал на исхраната - како да јадеш а да не се направиш свиња. Понудата содржи безброј сценарија и уште побезброј магични состојки и нивни комбинации. За аутсајдерите во тој филм (оние кои имаат среќа да се слаби или кулоќа да се среќно дебелки), сите тие диети немаат ама баш ништо паметно смозгано освен оние 2-3 златни правила:

- повеќе да си активен
- помалку да јадеш
- да го јадеш само она што твојата пра-баба би го препознала како храна.

Па сепак, освен сè присутната хроно диета (која е протеинска диета со саат; да јадеш секој ден во исто време, што би било фино да се примени и за бањање), на лагер постојат Аткинсонова диета (тука), зелка диета (тука), утринска банана диета, (тука), врколак диета (тука), диета на израелската армија (тука), мастер прочистување (тука), Зона (тука), чистење со ќумур (тука), алкална диета (тука), диета со бебешка храна (тука), па и холивудска диета со колачи (тука). Една од диетите се сведува на тоа дека ќе изедете помалку ако јадете со затворен нос (тука).

Од сите нивни правила и совети никако не би можела да се состави една валидна и конзистентна нутриционистичка платформа. Значи, некој лаже. А можно е главната лага да се протега по двонасочната магистрала мозок - стомак.

„Можеби не е важна содржината на диетата туку самото „на диета сум“,  вели Ерик Ванс од Слејт.

Несомнено постои врска меѓу мозочната хемија, навиките во исхраната и тежината. Нашите одлуки што ќе јадеме првенствено зависат од хемијата во мозокот а од истата таа хемиска комбинација зависи и начинот на кој ќе биде преработена храната. Постојат студии кои велат дека душата им бара слатко на оние со низок допамин; оние кои се слаби со невротрансмитерот ацетилхолин се по мрсното а тие кои немаат доволно серотонин не може да се набутаат доволно тесто.

Според теоријата на Ванс, без разлика каква е, диетата (барем на кратка патека) може да биде ефикасна ако со нашата волева одлука, мозокот добие задача да ја подготви машинеријата (стомакот) за слабеење. 

Плацебото тешко се докажува но веќе постојат докази дека оние суплементи делумно функционираат на тој начин. А бидејќи самото плацебо е своевидна измама, и истражувањата мора да а следат таквата логика. 

Едни од темелните студии на оваа тема доаѓаат од Стенфорд: Прво, хотелски собарки биле прелажани колку физичко вежбање содржи нивната работа и самото тоа сознание довело до позитивни ефекти на нивното здравје. Во следната фаза на работничките им биле нудени два вида милк-шејкови: едниот со јасна назнака „диетален“ и запишана калориска вредност од 140 калории а другиот шејк великодушно наполнет со 640 калории.

Се разбира, луѓето биле заситени повеќе од вториот шејк и тоа не само како субјективно чувство; и мерењата покажале различно лачење на соодветните хормони кои ја регулираат гладта и метаболизмот. 

Трикот е во тоа што без разлика на етикетите, двата милкшејка биле апсолутно идентични, со по 340 калории.

Што значи дека - барем теоретски - би можеле да изгубите некое кило ако додека „со сила“ бутате тазе бурек по што ќе „се мачите“ со канче сладолед, искрено сте убедени дека тоа е дел од вашиот спартански режим на исхрана кој само што не ве направил Крис Хемсфорт/Џесика Алба.

Да, нема баш логика ама и онаму кај што има логика, таа - не функционира. Ако веќе верувате само во факти, треба да го признаете и фактот дека процентот на оние кои успеале после диетата да ја задржат посакувана тежина е - јеби га - статистички безначаен.

*****

Види и:

Наједноставниот совет за губење килограми

Религиозниот аспект на модерните диети

Не требаше ни да се почнува со тоа витамините

31 јули 2017 - 12:43