Технологија

Промоцијата на Тим Кук е најлошата одлука на Стив Џобс

Во 2000 Бил Гејтс својата позиција му ја предава на Стив Балмер, кој ќе управува со Микрософт во следните 14 години. Балмер тука брилјира: успева трикратно да ја зголеми продажбата на компанијата, профитот за два пати, да извади производи како Иксбокс и Кинект и да ги купи Скајп и Јамер. Сепак Балмер успева и да ја осакати иднината на компанијата.

Како кинеска роба и американски муштерии го соборија интернетот

На 23 октомври се случи еден од најголемите координирани сајбер напади во историјата на интернетот, во кој паднаа некои од најголемите сајтови како Твитер, Спотифај, Нетфликс и Пејпал. Главен виновник - кинеска компанија што продала милиони не безбедни веб-камери преку кои е извршен нападот.

Како Микрософт стана Епл, и обратно

Во средата Микрософт го презентираше својот прв десктоп компјутер, Сурфејс студио, кој е последниот чекор во еволуцијата на Сурфејс од проект, преку таблет до десктоп. Има екран од 28 инчи, чини 3.000 долари и е нереално револуционерен напредок кај компјутерите. Ден подоцна Епл го презентираше Мекбук про, кој е уште едно во редот предвидливи поколенија што Епл ги вади последниве години: потенок, побрз и поскап од претходникот.

Маск ги презентираше соларните керамиди

На една од сцените во Универзал Студиос, Елон Маск го презентираше следниот чекор од својот мастер-план: нова и зголемена верзија на Пауервол батеријата за соларна енергија, и соларни керамиди / кровови кои освен што се одлични во генерирање струја, "ќе ги направат вашите соседи љубоморни, исто како што тоа го прави Тесла Модел С паркирана во вашиот двор."

Зошто Самсунг се откажа од Галакси ноут 7 смартфонот?

Да, се откажа затоа што смартфонот експлодираше и правеше пожари, ама проблемот е што ни Самсунг уште не знаат (или не кажуваат) зошто се случува ова бидејќи се покажа дека не е до батеријата.

Ајфон 7 чини 225 долари за да го произведеш

Тоа што Тим Кук постојано ги отфрла процените за цената на материјалите, не значи дека ќе се престане со постојани проценки за тоа колку чини да произведеш Ајфон. Па, според истите кредибилни извори, производството на седмицата чини 225 долари.

Што се пофалија вчера од Гугл

Раскинување со Нексус и нов Гугл телефон под брендот Пиксел (и ќе има 3,5 милиметарски влез за слушалки), конечно унапредена и надградена верзија на Хромкаст и Гугл Асистент кој во рецензиите е претставен како паметна верзија на Сири, се дел од работите од годинешниот Гугл настан.

Во дата-центар на Фејсбук на работ од Арктикот

Зукерберг неодамна даде збор дека редовно ќе апдејтува околу најнапредните технологии што Фејсбук ги користи низ светот. Почна со фотографии од дата-центарот во шведскиот град Лулеа, на самата граница до арктичкиот круг, со површина од 27.000 метри квадратни.

Природна селекција на сите што не заслужуваат да имаат Ајфон 7

Минатата недела лик на Јутјуб става видео во кое со бормашина прави дупка за слушалки на Ајфон 7. Се понатаму оди во корист на сите сомнежи што сте ги имале околу луѓето што коментираат на Јутјуб (и сл.).

На Тесла му фалат 200 и кусур коњи?

Група од над 100 Норвежани кои ги поврзува тоа што поседуваат Тесла Модел С седан П85Д, го тужат Тесла моторс по основа дека колата не постигнува лудачки брзини како што е ветено.

Мрачната страна на вадењето на џекот за слушалки

Во 60-те години аудио индустријата прави апдејт на стандардот воведен во 19-от век како дел од тогашните телефонски стандарди, и постојниот 6,35-милиметарски влез го заменува со 3,5-милиментарски влез. Годинава Епл одлучи комплетно да го укине 3,5-милиметарскиот влез, и ова се базира на многу повеќе отколку само дизајнерска одлука.

Зошто народ веќе не се пали на Ајфон

Концептот на чекање пред продавници со часови, денови, недели го имаше и на лансирањето на Виндоус 95, и на првите генерации од Плејстејшн, а и на отварањето на Мекдоналдс низ Источна Европа. Меѓутоа Епл е тој што од премиерата на Ајфон во 2007, успеа ваквиот тип на лудило да го претвори во годишен настан. На разочарување на Епл последниве години, целата оваа драма почна да спласнува.

Совршен спој - Huawei P9 Lite и паметна алка Huawei A1

Специјална промотивна понуда која комбинира стилски иновации и активниот начин на живот.

Гугл се откажува од составување модуларен телефон

Заради проценка дека многу се имаат распленето со хардверот, Гугл одлучи да го укине проектот Ара, чиј амбициозен план беше создавање модуларен смартфон (во основа, телефон чии делови можат да се менуваат како Лего коцки).

На автономните коли не им е гајле за твоите морални дилеми

Дали е подобро да згазиш жена и дете или млад брачен пар, е типот на дилеми што ги имаше на тестот за морални судии од пред некој ден (тука), а во исто време и дилема за која самоуправувачките автомобили ни најмалку не се заинтересирани.

Што е постаро: јајцето или профитот?

Лесно е кога ќе скршиш 3-4 јајца, лушпите ќе ги фрлиш или ќе ги расфрлиш по двор бидејќи се добри за земјата. Но, што да правиш ако дневно ти остануваат лушпи од милиони јајца? Да правиш пари.

На сијалицата конечно ѝ светна

На оние кои се денес бебиња еден ден ќе мора да им објаснуваме дека сијалиците некогаш прегорувале. А кога ќе дојде време, во некој дом никој нема да знае како се менува сијалица, бидејќи последен пат тоа се направило пред 40 години.

Ерата на дигитални медиуми ги донесе и Трамп и Брегзит

Еден американски медиумски теоретичар има интересно гледање на порастот на новиот национализам, олицетворен во подемот на Доналд Трамп и резултатот на брегзит: Дигиталното опкружување во кое живееме не го обединува светот како што се надевавме. Напротив.

Првата сообраќајка на автопилотот на Тесла во која загина човек

Во четвртокот возач на Тесла Модел Ес загина во сообраќајна несреќа откако автопилотот на неговиот автомобил не реагирал кога пред него изненадно се појавил камион со приколка.

Компанијата што заработи милијарди долари од твојата нетрпеливост

Без разлика колку напорно, грижливо, стратешки и фискално одговорно го размислуваш и преземаш секој свој потег, доаѓа момент во животот кога на твоето село во Судир на клановите, му снемуваат ресурси. Тука имаш две опции, првиот, на кој даде завет пред почетокот на играта, да почекаш да мине време и да се наполнат ресурсите, и вториот, по кој вети дека нема да посегнеш, да платиш за да се наполнат ресурсите.

Како зјапањето во телефон стана прифатливо

Новиот стандард е дека не е срамота да го проверуваш телефонот додека си со други луѓе, колку што треба да ти е незгодно да му кажеш на друг да го остави мобилниот.

Фалшовите се подобри од оригиналот

Веројатно напнат од сите критики дека Алибаба / Алиекспрес профитира од продажба на фалсификат производи, Џек Ма, првиот човек на компанијата порача дека тоа што тие го продаваат е поквалитетно од оригиналниот производ.

Колку би чинел Ајфон произведен во Америка?

Сметководствената вежба е инспирирана од една изјава на Трамп за време на кампањата, кој вети дека кога ќе стане претседател ќе го натера Епл да почне да произведува Ајфони и компјутери во Америка.

Гугл би да ги укине пасвордите

Следниот месец Гугл ќе почне со тестирање на алтернатива на пасвордите, која во случајот со корисниците на Андроид ќе биде комбинација од нивното лице, навиките за пишување и како се движат.