Случајот е дел од растечкиот број безбедносни проблеми што произлегуваат од ширењето на ИОТ (internet of things) уреди (шпорет со вифи, фрижидер со вифи, вага...) и нивната значително слаба безбедност.
„Веќе насекаде има многу ИОТ уреди, од термостати, до системи за ладење и клима уреди, до луѓе што ги носат своите Алекса уреди на работа. Едноставно има многу ИОТ. И тоа ја проширува областа на нападите, а најголемиот дел од нив не се покриени со традиционална одбрана,“ објаснува ЦЕО-то на компанијата за сајбер-безбедност Дарктрејс, Никол Еган.
Таа го кажува и случајот што го имаат со казиното хакнато преку термометар.
„Напаѓачите го искористиле термометарот за да влезат во мрежата. Потоа таму ја наоѓаат базата со податоци на најголемите коцкари и ја извлекле низ мрежата, преку термометарот и директно во облак,“ објаснува Еган.
На истата дискусија учествува и поранешниот раководител на британската дигитална разузнавачка агенција GCHQ, Роберт Ханиген, кој ја поддржува Еган дека ИОТ уредите претставуваат растечки проблем за компаниите.
„Како што се произведуваат илјадници нови ИОТ уреди и се закачуваат на интернет, во следните години ова ќе биде се поголем проблем.
Јас знам за случај на банка која беше хакирана преку нејзините камери за надзор, затоа што критериум за купување на уредите беше најниска цена,“ објаснил Ханиген.