Технологија

Германија во неделата им плаќаше на луѓе да користат струја

На вонредно сончевиот и ветровит ден, 8-ми мај, Германија постигнува нов рекорд во производството обновлива електрична енергија, заради што таа добива негативна цена која подразбира дека на потрошувачите им се плаќаа пари додека трошеа струја.

Зошто ЕУ му се пушти на Гугл, а не и на Епл

На кратко, Европската Комисија одамна му го имаше удрено меракот на Гугл, па доминантноста на Андроид само им легна на веќе постојната истрага против нив, а не дека Епл со Иос се нешто многу подобри.

Трите проблеми што Европа ги има со Андроид

По неколку месеци неизвесност ЕУ и официјално го обвини Гугл за монополско однесување околу Андроид оперативниот систем. Ставот на ЕУ е дека Гугл ја користи доминантната позиција на Андроид за да ги промовира сопствените апликации и производи, на сметка на конкуренцијата.

Колку малку треба за прислушување на мобилниот

Отприлика само телефонскиот број е доволен за хакер или кој и да е заинтересиран, да може да ги чита твоите пораки, да ги слуша разговорите и да те следи каде си.

Епл извади 40 милиони долари во злато од рециклирање

Новината на Епл која годинава доби најголеми пофалби беа нивните нови роботи (Лијам) кои до последно делче ги расклопуваа Ајфоните, не оставајќи ништо да заврши не рециклирано. Инспирацијата за ова се надзира во годишниот "еколошки извештај" на компанијата за 2015.

Од привилегирани за привилегирани

Ако иновативните технологии не почнат да произведуваат сервиси од кои бенефит ќе имаат сите а не само привилегираните, политичките популисти ќе почнат да ја изедначуваат технологијата со големите банки и другите големи ои отуѓени непријатели на обичниот човек. 

И би Тесла Модел 3

Продажбата на автомобилот започнува во 2017-та, а почетна цена му е 35.000 долари (што е нешто над 30.700 евра).

Епл до ФБИ: Е како бе вака?

По неколку недели мољакање, дебати, и започнат судски процес околу тоа што Епл одбива да го отклучи мобилниот на убијците од Сан Бернардино, ФБИ во понеделникот од ведро небо објави дека нашол луѓе што го отклучиле Ајфонот без помош на Епл. Сега Епл сака да знае како?

Пицата го замени порното

Пицата е новото порно, гласи оваа вест за која е ферски уште на почеток да ве рaзочараме: станува збор за технологија.

Историска победа на ЛЕД сијалиците

Минатиот месец во САД се потпиша досега најголемата зделка за замена на постојните волфрамови сијлици со ЛЕД сијалици кои штедат енергија. Во илјадници банки во САД ќе свети поинаку.

Ко-основачот на Епл за денешниот Епл

Стив Возниак, технички вистинскиот гениј на Епл и човекот кој стои зад првите револуционерни призводи на компанијата, зборува за Епл денес, Тим Кук и што и да го праша публиката од Редит.

Ќе се кандидира ли робот за претседател на САД во 2020?

Човек предизвика на политичка дебата компјутер кој веќе има победувано луѓе на други полиња. Компјутерот го одби предизвикот бидејќи во моментов има попаметна работа отколку да дебатира.

Како Русија го врати Асад во игра

Благодарение на руската "уште ние фалиме да се вмешаме" стратегија, сириската армија по пет години борба за прв пат успеа да ги натера бунтовничките сили на повлекување и отстапување територии. Сето ова има и одложено дејство.

ВХС-и вредни злато

Во време кога носталгијата удира на стара технологија, луѓето кои пред 15 години решија да не ги исфрлат сите видео касети, сега се на добар пат да направат пари од ѓубрето што го чуваат дома.

Како ја хакираа индустријата на виски

Вискито има само еден проблем во освојувањето на светот, фактот дека неговиот вкус доаѓа по долготрајно одморање во дабови буриња. Но, има проекти кои ветуваат дека шмекот на дрвото ќе го вбризгаат во течноста за многу кратко време.

Кодовите од скриените категории на Нетфликс

Една од неочекуваните глобални добрини која годинава ни се случи, ни криви ни должни, е достапноста на Нетфликс кај нас, потег чија важност ќе ви стане јасна кога веќе телевизиските провајдери во Македонија ќе почнат да го наведуваат како причина за пад на приходите, па некој надлежен ќе треба да направи нешто за нивно спасување а.к.а. кратење на сервисот.

Конкурентот на Тесла го покажа својот прв автомобил

Стартапот за електрични автомобили Фарадej Фјучр на ЦЕС саемот во Лас Вегас го претстави својот прв концепт автомобил - FFZERO1. Новата кола на струја е нешто помеѓу Бетмобил и Ламборџини.

Веш машина на иднината

Глен Рајд шест години има работено за Стив Џобс. Сега е сам и планира за машините за перење да го направи она што Тесла го направи за автомобилите.

Како Северна Кореја го замислува Линукс

За првпат фино го разгледале севернокорејскиот оперативен систем базиран на опен сорс платформата Линукс. Дека има сорс, има, ама дека е опен, никако.

Компјутерот од 5 долари

Технички е компјутер, ама технички за овие пари не добивате баш компјутер, компјутер како што вие замислувате. Ова не значи дека не е точен насловот - компјутер за 5 долари.

Тесла воскреснува на патиштата во Англија

Еден век откако ветувачките експерименти на Никола Тесла за безжичен пренос на струја беа прекинати од нервен слом на научникот, во Англија ќе се поставува опрема за безжично напојување на електричните и хибридни автообили.  

Ааа, со софтвер!

Дизни конечно се смилува да објасни како е можно нивните анимации да изгледаат толку реалистично. Софтверот кој им врши огромна работа се вика Хиперион ама тешко да го најдете по торенти.

Маршал направи смартфон

Од чиста мира Маршал (да тој, црко Маршал) денес објави дека направиле смартфон, и ги пушти првите информациите и фотографии од него. Службеното име на смартфонот на Маршал е - Лондон.

После лесковачка, доаѓа харвардска скара

- Колку студенти на Харвард се потребни за да направат скара?
- 16.