Најпаметната скара на светот доаѓа од Кембриџ, Масачусетс и на неа работеле 16 студенти од Харвард на кои им се паднала таа тема во рамките на испитот "Решавање инжинерски проблеми и дизајн".
Личи на онакво за бибер или пак, за да звучи понаучно, на разладна кула во нуклеарна централа.
Керамичка е заради супериорните термички перформанси на овој материјал а внатре има ќумур и памет од студентите кои мозгале како да постигнат идеални услови за подготвување месо.
Се работи за скара со пушилница. На второво студентите се особено горди а тоа им одземало и најмногу време. Колку време, на која температура, со какво струење на воздухот треба едно парче месо да го прими вкусот на чадот а истовремено ниската и постојана температура да го претвори жилавиот колаген од мускулите во вкусен желатин кој се топи во уста.
На изумот се работело неколку месеци, биле посветени 880 студентски часови и се потрошиле 110 кила телешка кртина за експерименти и варијации. Групата потрошила уште неколку стотици килограми вирутелно месо кое го пушеле во нивните софтвери за симулација.
Пушилницата е тешка 150 килограми а постои и смартфон апликација за контролирање и менување на условите во кои се чади 'Cet obscur objet du désir'.