Технологија

Скроз ново ГоПро

По генерации ГоПро уште е на Хиро4, само што сега за прв пат од 2006-та извадија камера што не е правоаголник. Називот на новиот модел е Hero4 Session, и за разлика од постојната верзија е полесна, фабрички е водоотпорна и е коцка.

Чие е вашето лице?

Одговорот "мое" е прилично точен но премногу аналоген. Што станува со вашето лице откако ќе биде препознаено со софтвер и спакувано во којзнае колку дата-бази на корпорации, влади и служби?

Роботот чиј муабет ќе ве замисли

Робот на Гугл знае смислено да комуницира со луѓе откако прочитал милиони филмски сценарија од кои учел за теми како што е смислата на животот и моралноста. Ќе ви ја пренесеме конверзацијата која е импресивна, забавна и помалку вознемирувачка.

Дабл-дабл на ЕК: Укинување роаминг и гарантирање на нет неутралност

Јуни 2017-та е последниот рок до кој операторите од ЕУ мора да го укинат роамингот за мобилни разговори и мобилен интернет, а од сега па во иднина на секој жител на ЕУ му се гарантира отворен интернет (а.к.а. нет-неутралност).

Како игрица заработува 1,5 милиони долари на ден

Игрицата е Clash of Clans и е објавена за Ајфон во 2012-та. Од тогаш до денес таа е бесплатна за симнување и бесплатна (ако сакаш) за играње. Сумата од насловот се пари само од Ајфон, Андроид е дополнително.

Како Гугл го укапира дизајнот

Од компанија доминирана од инженерски машинско чувство за дизајн и употребливост, Гугл денес создава подобро дизајниран софтвер од кој било друг технолошки џин. Да, вклучително и Епл. Да, тоа посебно се гледа во споредба меѓу иОС и Андроид.

Кој да знаеше дека толку електрани нема да требаат

За најголемиот дистрибутер на струја во Тексас (Онкор електрик) аналитичари лани ја пресметуваат исплатливоста на додавање батерии на нивната мрежа. Им излезе дека се на нула, ако постојат батерии по цена од 350 долари за 1 киловат час. Тогашните проценки велеа дека таква цена може да биде постигната до 2020-та. Минатиот викенд Тесла го објави Пауервол пакетот со цена од 250 долари за 1 кВтч.

Почетокот на крајот на сметките за струја

Евтината верзија на веста е дека Тесла ги промовирале батериите за домаќинство кои ќе можат да се полнат на сончева енергија и да складираат струја за околу 2 дена нормално користење. Вистинската вест е далеку поспектакуларна.

Што се случува во Епл

Бен Фарел до неодамна вработен на Епл пишува долг и детален пост објаснувајќи зошто дал отказ во компанијата, "ја предадов мојата пропусница а за возврат успеав да ги повратам мојата креативност, индивидуалност и слободно размислување."

Русија и Америка со заедничка вселенска станица

Роскосмос и НАСА се договорија за партнерска изградба на нова вселенска станица која ќе наследи Меѓународната Вселенска станица. Во меѓувреме на постојната станица животниот век и е продолжен до 2024-та.

Тајната технологија на Стујарт и Оливер

Најголемата заблуда околу Дејли Шоу, Ласт Вик Тунајт или кој и да може како по нарачка да извади клипови од архива, е претпоставката дека тие имаат цела легија ботови кои следат и паметат се што се случува на телевизија, па во секое време можат да го најдат потребниот исечок и потребните зборови што ти требаат за во сегментот. Нормално дека немаат.

Седум дена без мобилен

Авторката презема драстични мерки откако забележува дека еден нејзин колега никогаш го нема видено со мобилен во рака, а знае дека има. За да покаже дека и таа може, решава цела седмица да не го допре телефонот.

Како истекува времето на Гугл

Главниот проблем на технолошките гиганти е што откако нивните производи стануваат претерано успешни, тие почнуваат да се губат под притисокот за одржување на производот што ги збогатил, што пак ги оддалечува од сите промени околу нив и напредокот на технологијата. Ова му се случи на Хјулит-Пакард (кој сега ќе се разделува на две компании), му се случи на Микрософт, а ќе го снајде и Гугл.

Како се скршија наочарите на Гугл

Паметните очила на Гугл беа еден од ретките производи на светот кои успеаа да дигнат толкава фама, а производот да не доаѓа од Епл. Приказната се пумпаше неколку години за на крајот, Гугл да соопшти дека дига раце од наочарите.

Кошмарите на Гугл

На Гугл моментално одлично му оди, со приходи од околу 3 милијарди долари на секои три месеци и раст од 20% годишно. Тоа што нам ни изгледа одлично некому му личи како почеток на крајот на Гугл, поточно дека сме го достигнале пикот на Гугл.

Како технологијата ѝ помогна на Германија на Мундијалот

88 минута од финалето во Бразил, Германија и Аргентина се 0-0, Јоаким Лев во игра го внесува Марио Геце на местото на Мирослав Клосе. Марио Геце во 113-та минута го дава победничкиот гол. Геце станува национален херој, Лев станува фудбалски гениј. Никој не го споменува Дарси Норман, аналитичар на податоци кој работи со германската репрезентација.

Читање на 20 години старо издание на ПиСи Маг.

Бројот е до 6-ти декември 1994-та и како што е редот за декември ја содржи листата на најдобрите конфигурации што можат да се купат. Во тоа време 486-ки и Пентиуми.

Тајниот свет на украдени смартфони

Кон крајот на мај 2012-та, во магацин на ФедЕкс во Калифорнија еден оштетен пакет се распаѓа пред очите на вработените и од него излегуваат десетици неотворени Ајфони. Вработените го контактираат Епл, од каде им потврдуваат дека станува збор за уреди кои ќе завршат на црниот пазар.

Епл пак со Епл проблеми

Годинава Епл има два модела на Ајфон, еден многу голем што многу им се продава, и еден голем што претерано многу им се продава. Проблемот им е што можеа да направат уште многу повеќе пари, ако стигнеа да произведат многу повеќе уреди.

Епл само што го позлати Самсунг

Откако неколку години флертуваше со други производители (Тајван Семикондуктор Мануфактуринг), годинава Епл легна на брашното и потпиша договор според кој од 2016-та Самсунг ќе ги произведува чиповите за сите идни Ајфони и Ајпади. До сега Самсунг сериозно крвавеше заради заминувањето на Епл.

Нема Ајфон како Ноуфон

Последната алтернатива на Ајфонот нема батерија, нема камера и хеј -  нема телефон! Ваквиот ултра паметен дизајн е смислен да ви помогне да се конектирате со вистинскиот свет.

СМС пораки: врска и брак

За прва годишнина на врска, девојката добива ворд документ со сите смс пораки што си ги испратила со дечкото (ова е 2008-ма и навистина се смета за подвиг). За 6-та годишнина (веќе во брак) таа на партнерот му прави компаративна анализа на сите пораки што си ги испратиле во врска и во брак.

Ајпад поинтересен и од чоколади

Во конкуренција со Дизни, Никелодеон, ЈуТјуб, Нетфликс, МекДоналдс, Тојс ар ас и неколку видови бонбони и чоколади, АјПад е број 1 бренд кај деца од 6 до 12 години.

Микрософт е жив ќар од успехот на Самсунг

Годишно Микрософт од Самсунг заработува повеќе пари отколку што му носaт Скајп, Виндоус телефонот и ИксБокс, заедно. Се на се, околу 1 милијарда долари им се од Самсунг.