Комисијата веќе цела деценија се бори со цената на роамингот. По нивни бројки цената на СМС и мобилниот интернет во споредба со 2007-ма е пониска за 80%, а интернет во роаминг е поевтин за 91%.
До крајниот рок (15-ти јуни 2017-та) операторите треба да исполнат повеќе технички услови што би до дозволиле укинувањето на роамингот, а "Комисијата е решена да ги имплементира овие услови и да се осигури крајот на роамингот да биде функционален уште од првиот ден."
До комплетното укинување, ќе има и уште еден пад на цените на роамингот на ниво на ЕУ закажан за април 2016-та. Од овој датум, до укинувањето операторите ќе смеат да додадат само мала разлика на цените во роаминг - 0,02 евра плус за СМС, 0,05 евра за минута разговор, 0,05 евра за мегабајт интернет.
Договорот за прв пат гарантира еднаков пристап до интернет за сите жители на ЕУ, плус се воведуваат дополнителни гаранции за потрошувачите дека ќе ја добијат услугата за која имаат платено.
Клучно е да се знае дека и нет-неутралноста и укинувањето на роамингот важат само и само на територијата на Унијата и за операторите од Унијата, за сите останато ова нема никакво обврзувачко својство.