Од средината на јуни, жителите на ЕУ ќе можат да го користат мобилниот телефон вон својата земја по иста тарифа како и дома. По гласање во ЕУ парламентот е тргната и последната пречка за укинување на роамингот.
Јуни 2017-та е последниот рок до кој операторите од ЕУ мора да го укинат роамингот за мобилни разговори и мобилен интернет, а од сега па во иднина на секој жител на ЕУ му се гарантира отворен интернет (а.к.а. нет-неутралност).
Ноември 2015-та е последниот месец за кој мобилните оператори од ЕУ ќе смеат да наплаќаат роаминг, од декември се ќе се смета како зборење локално. Ова важи и за СМС-и и за мобилен интернет.