Мобилните оператори вршат очекувано силен притисок против предлог законот, ама и покрај тоа речиси веројатно е дека предлогот во вторник ќе мине на парламентарната комисија, за потоа на 3-ти април да биде изгласан и од Европскиот парламент.
Предлогот опфаќа укинување роаминг за разговори, пораки и интернет, на територијата на 28-те држави членки на ЕУ. Претходно беше донесен закон со кој цената на гигабит интернет во роаминг од јули ќе се намали од 450 на 200 евра.
Забелешката на Коалицијата на мрежи, составена од 15 оператори и виртуелни мрежи, е дека предлогот законот е многу лошо напишан и остава простор заради укинување на роамингот да се зголемат цените на локалните разговори меѓу различни мрежи.
Дополнително, тие предупредуваат дека укинувањето на роамингот ќе ги чини најголемите европски мобилни оператори околу 7 милијарди долари во периодот до 2020-та, што пак ќе значи и проблеми во пуштањето на 4Г сервисот.