Она што се води како укинување на роаминг, во парламентот беше изгласано како договор за ограничување на цената на го големо што телекомите можат да си ја наплатат еден на друг за меѓусебното користење на мрежата.
И пред ова да биде изгласано, статистиката покажува дека цените за роаминг во ЕУ во изминатите 10 години се намалени за 90%.
Точниот датум кога ова ќе почне да важи во земјите на ЕУ е 15 јуни. Од тогаш сите претплатници од ЕУ ќе можат да разговараат, испраќаат пораки или да сурфаат на интернет во која било земја во ЕУ без дополнителни трошоци вон нивната претплата.
Новите правила исто така спречуваат злоупотреба на укинувањето роаминг и не дозволуваат жители на една земја да потпишат телефонски договор во друга земја во која претплатата е поевтина.
Првично Брисел вети дека укинувањето на роамингот ќе се случи на почетокот од 2015.
П.С. Во текстот не е случајно нагласено "во земјите на ЕУ", бидејќи одлуката нема никакво задолжително дејство на земјите кои се вон ЕУ.